Реков јас дека едвај ќе се чека први за чке македонске да се испрчат со November rain. Секој трет пост на лејмбукон е со песната или извадок од текстот. Колку иновативно. Па дождов уште симболично се појавува на први, да не мора да чекаат. Сега комотно може да се самопрогласам за наследник на Милан Тарот, да предвидувам и да лечам народ со лушпи од кромид.
Лош, лош почеток на денот. Да ти се тиит и во глупите кошмари и во спиењето...
Ама, има и нешто убаво де, да додаде малку светлина на тмурниов ден.
Имам нагони на инспирација, време е да се искористат.