Вакво нешто се има случено, со мали разлики. Можеби сте слушнале за серискиот убиец Зодијак.
Меѓу многубројните убиства, ги има извршено и следниве. Налетува на пар кој ужива покрај езеро, излолирани, без никој во околина. Носи маска на лицето, балаклава, и вперува пиштол кон нив. Иако парот се обидува да ја контролира ситуација, така што, му велат дека се би направиле за да не ги повреди, би му ги дале сите пари, се што поседуваат, и слично.
Како сето тоа да не го слуша Зодијак, им наредува да легнат на стомак, еден до друг. Им ги врзува рацете и почнува со нож да ги брца во грбот, прво мажот, потоа жената.
Мислам дека не би направила ништо посебно, но секако би се обидела за преговарање. Сигурна сум дека ќе мислам на саканиот и ќе посакувам да бев во тој момент со него, а не во оваа ситуација.