Еднаш еден богаташ решил наместо да ја исфрли кесата со ѓубре во контејнер ја фрлил пред нозете на просјак кој се наоѓал во близина.
Просјакот се насмевнал и заминал задоволен со кесата полна со ѓубре. Застанал покрај една локва, извадил се од кесата, ја очистил и ја наполнил со цвеќиња, кои растеле во близина. Се вратил кај богаташот и му ја дал торбата во рацете.
Богатиот гледал воодушевен и п
рашал:
- Зошто ми даваш прекрасни цвеќиња, откако јас ти дадов само ѓубре!???
Просјакот му одговорил:
- Затоа што секој човек дава она што го носи во своето срце.