Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да ти кажам... Не, во блиска иднина не верувам дека повторно ќе се заљубам. Познавајќи се себе си ова ќе трае кај мене доооолго доолго, а ти во меѓувреме можеш да ги одрекуваш и негираш моите чувства кон тебе. Можеш да ме сметаш за незрело деРиште кое е само во некој си занес...сметај ме за таков слободно. Копнеам по она време кое го минувавме заедно и кога можев да кажам дека се чувствував слободен, радосен и полн со фантазија. Се враќаат темнините во мене. Некогаш успевав да ги победам и да ги однесам далеку од мене затоа што сакав ти да си ѕвездата која ме осветлува. Некогаш ми велеше дека не сакаш да се случува тоа...еве се случува, но мислам дека тоа ништо не ти значи. Некогаш ми велеше дека кога и да треба ќе бидеш тука за мене, да си поразговараме, да си поприкажеме, да си помогнеме во нешто ако можеме... Не, не си тука кога ми требаш. Те нема додека си ми потребна. Гладен сум, гладен за твоето присуство во мојот живот, а ти продолжи си да го правиш она што сега го правиш.

Повеќе нема да ти пишам затоа што се чувствувам ко да сум ти досаден и ко да те замарам. Сега јас велам дека ќе бидам секогаш достапен за тебе, за што и да треба. Иако ништо не ти значи, те љубам и ко мало детенце чекав да ми заѕвони мобилниот и да прочитам барем збор од тебе. Залудно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
…..Можеби ќе си го побијам сопственото мислење дека и покрај сѐ не се менуваме до толку, не се менуваме во основата и суштината. Би било навистина добро кога би успеала. Зашто јас немам проблем со остатокот од „содржината“. Добро, имам и со тоа, но не во толкава мера. Мојот проблем е основата, суштината.

Можам ли да се победам себе?
Не е паметно ни да се обидувам? Тоа е првиот чекор кон себеуништување?

Па добро, можеби тоа и ми е целта. Самоуништување. Можеби ако целосно ги растурам коцките, ќе успеам да ѝ побегнам на рамката. Така барем сум ги решавала препреките секој пат кога ќе запнело некаде.

Додуша прво се обидувам да преспијам и оставам да слегнат размислувањата и впечатоците, па потоа продолжувам, согледувајќи ја препреката од малку поинаков агол.
Не дека не се обидов и сега така, но очигледно не е возможно да преспијам доволно долго. Би ми требало најмалку месец дена преспивање. Знам, после месец дена би била како нова, но за жал, таков луксуз не ми е достижен.
Значи нема друго чаре. Само тоа – растурање на коцките и почеток од нула.

Нема да биде едноставно, ниту брзо, знам. Но се чини дека во вакви моменти, време имам бескрајно многу. Фак ју Ајнштајн. Да не беа твоите мудрувања, можеби времето поминато со него ќе ми траеше подолго од ова кое го минувам сама. Ако ништо друго барем ќе ја немав таа грутка во грлото секој пат кога ме бакнуваше за добредојде.

Да, лута сум и не размислувам разумно. А како би можела да размислувам разумно? На разумот одамна му ја треснав вратата пред нос. Но, се провлече идиотот низ клучалката, всушност сосем мал дел од него, сосема доволен за да ми ги изгребе розевите наочари. Неверојатно е колку многу една сосема мала гребнатина може да го привлече вниманието и да го прикова погледот токму таму каде таа сака. Дури и кога ги затворав очите, го чувствував нејзиното пецкање. Тој што нѐ создал вакви точно знаел што прави.

Лута. Кому? Ех, кому? На сите. На сѐ. Нејзе. Нему. Нам…… (себе).На сите. Зашто ме оставија. Зашто не сакаат да ме остават. Зашто заминаа. Зашто не сакаат да заминат. Зашто се тука. Зашто сум сама.
Сама сум.
Тука некаде. Ни горе ни долу, ни лево ни десно. Тука, во меѓупросторот. Имам бескрај пред себе, имам бескрај зад себе, но само тука, вдолж линијата. Лево еден амбис, десно друг. Позади нив, два света. Нивните. А никаде мост. Заробена во бескрајот. Звучи неверојатно. Звучи неблагодарно. Звучи проклето. Тука некаде. Сама сум….
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Што видов јас во тебе не ми е јасно и упорно и упорно кукам по тебе а знам дека ич не вредиш, катастрофа од човек си и не знам како си најдуваш нови жртви, како не те знаат дека еден ден ќе ги осакатиш.
Ама знам дека овај период ќе помине, долго време траеше а ти, ти одма сврте нов лист т.е. старно-нов, не знам ни јас како да го наречам.|-(
Проклет да си, се обидувам очајно да ги тргнам мислете од тебе и пак не успевам, секоја вечер заспивам мислејќи на тебе, прашувајќи се зошто...??
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas

оти се уште не се појавил некој нов во твојот живот, за тоа...
а и за све си треба време.....после тоа во пет месеци еднаш или ке ти текне на него или ич...
ова од искуство...(y)
сите го имаме поминато истиот период во животот, болно е но може да се преживее...
сето добро е што за друг пат ќе си знаеш како и во кој да се заљубиш...
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба

сис ,'срцето' не бира во кој ќе за заљуби :)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
сис ,'срцето' не бира во кој ќе за заљуби :)

сис и јас порано така мислев, ама сега не ми е доволно само да имам некој лепотан за да бидам заљубена...
многу други фактори влијаат дали ке се заљубам или не..
пред се зависи од неговото внимание спрема мене...
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
сис и јас порано така мислев, ама сега не ми е доволно само да имам некој лепотан за да бидам заљубена...
многу други фактори влијаат дали ке се заљубам или не..
пред се зависи од неговото внимание спрема мене...
фала богу сис,најбитно е посветеноста,разбирањето и довербата ...
(џабе ти лепота на некој кога е празен,нема да го носиш на изложби,ти треба некој со срце и душа,убавината и онака со тек на време си проаѓа) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
фала богу сис,најбитно е посветеноста,разбирањето и довербата ...
(џабе ти лепота на некој кога е празен,нема да го носиш на изложби,ти треба некој со срце и душа,убавината и онака со тек на време си проаѓа) :)

ее така...(hug)