Око за око

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Друже ти туј реченицу "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци , кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш" да не си гу погрешно разбраја. Ја колко разбра ти збори за људи, какви заебани и лоши има и демек ако се дружиш сс њима и ти ке бидеш такв. фалапозз.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343

Знам друже, но темава се однесува за делот кога би се научил да касаш, дали би се одлучил да касаш, прилагајки го принципот на еволуцијата "око за око". Односно дали би му вратил(со иста,помала или поголема мера) на некој кој би те каснал. И последиците од тој избор. Но не се секирај сега ке зборам со модераторот да ја среди темава и сите недоразбирања да исчезнат.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070

Дефинтивно ќе касам, зошто не би касала? Од хуманост?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Ако ми е некој "каснаја" ја да гу месту ситуацију да га "касну" њега, на. Ако ми се коцке сами наместив нема да га "касну" ке га изеду целога.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Со цел да го скратам обемот на темава и да ги елиминирам недоразбирањата, уводниот текст би изгледал вака:

За оваа тема добив инспирација од еден цитат што го видов во фејзбук: "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци, кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш".
Идејата која ме фрли во дилема е всушност последица од тоа кога сите луѓе би каселе, под услов да се научат да касат. Што би се случило тогаш.
Можните варијанти на тврдењето се:
1. Да не се научиш да касаш-соодветно кога тогаш ќе бидеш изеден и не е предмет на разгледување.
2. Да се научиш да касаш но да не касаш-тука повторно со соочуваш со опасноста да бидеш изеден и веројатно ќе бидеш изеден.
3. Да се научиш да касаш и да касаш-тука веќе имаш барем колку толку шанса да се избориш за да опстанеш и да го продолжиш поколението, но не е гаранција.
Ако се замислиме малку ќе видиме дека третиот варијант произлегува од старата добро позната поговорка око за око која е всушност еден од принципите во сферата на еволуцијата.
Првиот варијант еволуционо погледнато и не заслужува да го продолжи поколението. Вториот варијант нуди можност чиј пат не мора да води до крај на човештвото, а третиот варијант е најчесто употребуваниот варијант во светот во кој живееме(иако повеќето религии ни го посочуваат спротивното) и на него би сакал малку повеќе да обрнеме внимание и да ги разгледаме последиците од него пред се поради фактот што повеќето луѓе се одлучуваат за него.
Веројатноста да бидеш каснат е многу голема, а пак мотивот поради кој некој би те каснал(кога би се движел меѓу волци) е најчесто конфликт на интереси помеѓу минимум два субјекта.
Или во пример: Кога два субјекта кои имаат пристап до оружја за масовно уништување(на пр. нуклерна енергија), а имаат конфликт на интереси, тогаш во системата каде взаимно дејствуваат тие два субјекта, ќе се уништи, поради големото присуство на деструктивна енергија ослободена од двата субјекта. Или на нашки кажано ќе се уништи планетата која ја делиме сите. Среќа наша што сеуште не се нашол субјект кој има пристап до тие оружја, а се води од тој принцип или, субјект кој има пристап до тие оружја но не е доволно силно каснат за да го приложи овој принцип.
Ресурсите(интересот на двата субјекта) кои моментално ги трошиме за да го подржиме животот се ограничени и се трошат со интензитет поголем од интензитетот на обнова на истите. Соодветно, прашање е на време кога некој ќе посегне по оружјата за масовно уништување и би ставил крај на светот кој го познаваме се со цел да ги придобие тие ресурси. Или со други зборови кажано, единствениот исход од третиот варијант е крај на човештвото или ако погледнеме од аголот на индивидуата во краен случај смрт за еден од субјектите.
Вака гледајќи ги работите сите варијанти одат со полна пареа во една насока, а сите веќе знаеме каде и како завршуваат тие патишта.
Верувале или не се наѓаме на крстопат, еволуционо погледнато мислам дека сме постигнеле интелектуален капацитет за да можеме да ги предвидиме последиците од варијантиве. Соодветно мислам дека можеме да искреираме варијант кој би ни однесол на пат во кој што човештвото не е ставено под знак прашалник односно дали ќе ја преживее кризата во која што се наоѓа моментално. Тука веќе настапува на сцена вториот варијант кој сепак нуди можност за опстанок на човештвото.

Па прашањето ми е како би изгледал вториот варијант во проширена форма, а би гарантирал опстанок на човештвото?
Или пак можеби грешам за последиците од останатите два варијанта.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Со цел да го скратам обемот на темава и да ги елиминирам недоразбирањата, уводниот текст би изгледал вака:

За оваа тема добив инспирација од еден цитат што го видов во фејзбук: "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци, кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш".
Идејата која ме фрли во дилема е всушност последица од тоа кога сите луѓе би каселе, под услов да се научат да касат. Што би се случило тогаш.
Можните варијанти на тврдењето се:
1. Да не се научиш да касаш-соодветно кога тогаш ќе бидеш изеден и не е предмет на разгледување.
2. Да се научиш да касаш но да не касаш-тука повторно со соочуваш со опасноста да бидеш изеден и веројатно ќе бидеш изеден.
3. Да се научиш да касаш и да касаш-тука веќе имаш барем колку толку шанса да се избориш за да опстанеш и да го продолжиш поколението, но не е гаранција.
Ако се замислиме малку ќе видиме дека третиот варијант произлегува од старата добро позната поговорка око за око која е всушност еден од принципите во сферата на еволуцијата.
Првиот варијант еволуционо погледнато и не заслужува да го продолжи поколението. Вториот варијант нуди можност чиј пат не мора да води до крај на човештвото, а третиот варијант е најчесто употребуваниот варијант во светот во кој живееме(иако повеќето религии ни го посочуваат спротивното) и на него би сакал малку повеќе да обрнеме внимание и да ги разгледаме последиците од него.
Веројатноста да бидеш каснат е многу голема, а пак мотивот поради кој некој би те каснал(кога би се движел меѓу волци) е најчесто конфликт на интереси помеѓу минимум два субјекта.
Или во пример: Кога два субјекта кои имаат пристап до оружја за масовно уништување(на пр. нуклерна енергија), а имаат конфликт на интереси, тогаш во системата каде взаимно дејствуваат тие два субјекта, ќе се уништи, поради големото присуство на деструктивна енергија ослободена од двата субјекта. Или на нашки кажано ќе се уништи планетата која ја делиме сите. Среќа наша што сеуште не се нашол субјект кој има пристап до тие оружја, а се води од тој принцип или, субјект кој има пристап до тие оружја но не е доволно силно каснат за да го приложи овој принцип.
Ресурсите(интересот на двата субјекта) кои моментално ги трошиме за да го подржиме животот се ограничени и се трошат со интензитет поголем од интензитетот на обнова на истите. Соодветно, прашање е на време кога некој ќе посегне по оружјата за масовно уништување и би ставил крај на светот кој го познаваме се со цел да ги придобие тие ресурси. Или со други зборови кажано, единствениот исход од третиот варијант е крај на човештвото или ако погледнеме од аголот на индивидуата во краен случај смрт за еден од субјектите.
Вака гледајќи ги работите сите варијанти одат со полна пареа во една насока, а сите веќе знаеме каде и како завршуваат тие патишта.
Верувале или не се наѓаме на крстопат, еволуционо погледнато мислам дека сме постигнеле интелектуален капацитет за да можеме да ги предвидиме последиците од варијантиве. Соодветно мислам дека можеме да искреираме варијант кој би ни однесол на пат во кој што човештвото не е ставено под знак прашалник односно дали ќе ја преживее кризата во која што се наоѓа моментално. Тука веќе настапува на сцена вториот варијант кој сепак нуди можност за опстанок на човештвото.

Па прашањето ми е како би изгледал вториот варијант во проширена форма, а би гарантирал опстанок на човештвото?
Или пак можеби грешам за последиците од останатите два варијанта.
Втората варијанта- е тоа што источната филозофија со векови се труди да го наметне на човештвото како начин на живеење. знаење, мудрост, способност, ментална и физичка сила од една страна и трпение, апсолутна толеранција, контролирано его, безусловна љубов и така натака од друга страна... За ова да функционира треба мнозинство, големо мнозинство ако не и сите до еден да го прифатат овој начин на дејствување.
Мегуоа што ако духовно се развиеме до тој степен? Големите мајстори проповедаат дека на овој начин сите ке бидеме едно.
Дали тоа едно-целината може да опстане без различности?
Дали ке ни закржлавеат мозоците доколку нема натпревари?
Мислам дека ситуацијава може да има само едно решение, ама под услов да е строго контролирано од самиот поединец притоа тоа да му е слободна воља, а не да биде наметнувано.
Да се каса само кога е неопходно и тоа да биде целосно разбирливо за масата, ама и ова си има своја цена, најверојатно ке треба да се откажеме од чувствата и да и се препуштиме на рамнодушноста во целост, во спротивно потребата за одмазда би била присутна, макар и притаена и потисната.
Елиминирано его. Кога велам елиминирано его тоа буквално го мислам.
Човековите потреби да се сведат на мимимум или да бидат слични/ исти како оние кај животните. Контролирани нагони мегу кои и нагонот за живот и опстанок и целосно негирање на сопствените сетилата, во спротивно нагоните би се разбудиле и би биле надвор од контрола.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

Respect за постот, мило ми е што има некој на форумов што се замара со овие проблематики.
"начин на живеење, знаење, мудрост, способност, ментална и физичка сила" се решава со добра едукативна система, система не само во образованието туку и во општеството како целина. Tрпението, апсолутна толеранција и егото би ги решиле кога би успеале да го продолжиме животот до степен кога истите би се распаднале од само себе си кога би биле исправени истите пред големата должина на животот или бескрајноста. А за безусловна љубов, мислам дека сме способни и на ова ниво од еволуцијата.
Кога за цел, би си ја поставиле опстанокот на човештвото и колонизирање на вселената, различноста е добродојдена се додека не е во конфликт со касењето и би понудила решение за патот до целта, а во исто време не штити од закржлување на мозокот.
Остатокот од постот опишува една раса од Star Trek-Вулкани(Спок) :),кои според филмот успеале во тоа и може да послужи како доказ за успешен обид.
Уште еднаш голема пофалба за обидот и како што гледаш наполно остварлива идеја само што треба да платиме одредена цена за тоа. Па прашањето кое следи како последица на постов е дали ти би ја платила оваа цена за да оваа система биде успешна?
 
Дали би ја платила таа цена? Ајде прво да размислам што би добила со тоа. Најпрвин на ум ми дојде рамноправноста, еднаквоста... и прво што помислувам е тоа дека рамноправноста е добра, но веќе следниот момент ми се крши таа идеална слика со помислата дека сите ние сме родени различни и баш тие разлики не прават да сме она што сме, тоа е она на што сме горди со самите себе кога победуваме во натпреварите кои секојдневно ги водиме. Тоа е она што не тера да ги согледаме нашите способности и тоа е она што не тера да ги развиеме истите до што поголем степен. Некои луѓе ги развиваат поради желбата да се биде прв во натпреварот, некои за да можат полесно да си ги задоволат потребите и така натаму, примери има безброј.
Е кога би можело да сме сите еднакви и рамноправни( мислам на апсолутна рамноправност) и кога истото би им одговарало на сите, тогаш способностите и талентите што ги поседува поединецот немаат никаква улога во неговото постоење. Јас од своите способноси и таленти не би се откажала бидејки благодарение на нив сум тоа што сум!

После рамноправноста помислувам на мирот. Сите посакуваме мир во светот, мирни мегусебни односи, мир во длабочините на нашата душа и во повисоките форми на свест. Да, прекрасно звучи, но ајде ќе се обидам да го замислам мирот, апсолутниот мир... нема конфликти, натпревари и касање. Нема конфликти благодарение на нашата безусловна љубов, благодарение на нашето одамна елиминирано его, на нашата еднаквост и рамноправност, на нашите целосно контролирани нагони... но, нема телесни задоволства и страсти и ги нема сите чувства и емоции во кои предходно сме уживале благодарение на нашите сетила... Во тој случај човекот би јадел колку што му е потребно за да преживее, така би имало храна за сите и во тој случај човекот би јадел тоа што има, не прибирајки, без да го чувствува вкусот на храната, без уживање...
...Во тој случај човекот би се парел само со цел да направи потомство, нема љубов, нема страст, нема уживање, нема желба за поседување, нема љубомора, нема брак како институција...
Во тој случај и уметноста не би била обожувана.
Не би се откажала од задоволствата во кои уживам благодарение на сетилата.

Кога за цел, би си ја поставиле опстанокот на човештвото и колонизирање на вселената, различноста е добродојдена се додека не е во конфликт со касењето и би понудила решение за патот до целта, а во исто време не штити од закржлување на мозокот.
Различноста секогаш води до конфликт, а конфликтот до касање. Спасот на човештвото не го гледам во колонизирање на вселената, туку спас само на еден дел од човештвото, оној дел во кој припаѓаат најмоќните и најбогатите, што не значи и најспособните...
Спас за целото човештво би имало само кога сите би биле еднакви, но како што и самиот кажуваш, различноста секогаш резултира со подобри решенија и го штити човекот од закржлавување.

Тука завршувам, не ми се размислува понатаму, не би ја платила таа цена -мој засега конечен одговор!
И повеќе од јасно е дека дури и растенијата се касаат помеѓу себе за да опстанат.
Ќе касам и ке ризикувам да бидам касната, но нема да го проживеам животот како камен.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Еве да се обидам повторно:)
Да предпоставиме дека различноста би била присутна, човековите способности усовршени до потенцијалниот максимален степен на секој поединец. Се друго да остане исто како што опишав во предходниот пост, во спротивно би ја опишувала третата варијанта.
Сите човекови способности да бидат развивани и усовршувани со цел да му се помогне на целото човештво, несебично...
Поединецот да се стреми кон тоа што повеке да посее но под услов да не ги бере сопствените плодови, туку несебично и безусловно да ги предава на останатите, притоа добивајки еднаков дел од севкупната жетва, дел кој ке му биде доволен за да преживее и ништо повеќе.
Поединецот да учевствува во натпревари и конфликти(без касање) Конфликтот да не биде воден со цел да истакне еден или дел од субјектите туку со цел да се истакнат човековите способности и степенот до кој се развиени, ама под услов истакнатиот поединец или група да не се приврзува за плодовите кои самата победа во конфликтот ги носи, туку несебично и безусловно ги препушта на останатите.
За да биде возможен ваков вид на конфликт, сите различности и сите степени на развиеност на способностите треба да бидат подеднакво вреднувани - пак доаѓаме до потребата од еднаквоста
За да биде возможен ваков вид на конфликт сите учесници во конфликтот треба подеднакво да се радуваат на победата без разлика на тоа кој е победникот, победата да биде сватена како победа на човештвото- пак доаѓаме до единството

Вака некако би изгледал конфликтот и вака некако би изгледала различноста кога би се елиминирало егото и се што е поврзано со истото пред се сетилата, бидејки од нив потекнуваат нагоните.
Но што е со нагонот за опстанок?
Ако човештвото успее да го достигне тој степен на духовна развиеност, за да може да ги контролира нагоните и да не им робува на сетилата, дали уште долго ке го продолжува својот вид?
 
Dr. Temperance Brennan

Нов член
25 септември 2012
1
1
3
41
Jeffersonian Institute.
За оваа тема добив инспирација од еден цитат што го видов во фејзбук: "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци , кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш". Или објаснето од друг агол: Кога два субјекта кои имаат пристап до елемент со ограмна моќ(нуклерна енергија) или елемент на касење, тогаш во системата каде взаимно дејствуваат тие два субјекта, ќе се уништи, поради големото присуство на деструктивна енергија ослободена од двата субјекта. Или на нашки кажано ќе се уништи планетата која ја делиме сите.
Соодветно е тешка глупост да се водиме од тој принцип.
Но интересно е да се напомене дека токму еволуцијата го наметнува тоа правило.
Па прашањето ми е: Дали кога не би се воделе од тоа правило, еволуцијата би продолжила да се развива или до кој момент би се развивала?
Значи Dr. House :) како прво не ми ги кради статусите :)))) :D и како второ дали виде што ти искоментирав дека некои "јагненца" не треба да се "каснат" туку да се "изедат" .... но како што ти реков "се уште не сум дотолку огладнела па имаат уште време да бегаат" :D
И не не е точно тоа дека ским си такав си - се додека знаеш кои ти се принципите и ако решиш да се држиш до нив никој нема да може да те промени но понекогаш мора малку да се покажат заби чисто колку да знаат дека таа игра што ја играат е меч со две острици, и ако решиш прв да започнеш со "касањето" тогаш мора да си добро подготвен и за повратен удар затоа што можеби спротивната страна има угриз кој во еден потег би те докрјачил........ Во нашево општество 80 % од спроведувачите на АКЦИЈА подоцна не и се достојни на РЕАКЦИЈАТА што заслужено ке си ја добијат, односно лесно е да се посее зло но тешкото доаѓа кога "сеачите на сред берба увидуваат дека немаат доволно механизација" да го завршат она што го почнале.;)
А сега Конес лаку ноч :sleep
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena