Око за око

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
За оваа тема добив инспирација од еден цитат што го видов во фејзбук: "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци , кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш". Или објаснето од друг агол: Кога два субјекта кои имаат пристап до елемент со ограмна моќ(нуклерна енергија) или елемент на касење, тогаш во системата каде взаимно дејствуваат тие два субјекта, ќе се уништи, поради големото присуство на деструктивна енергија ослободена од двата субјекта. Или на нашки кажано ќе се уништи планетата која ја делиме сите.
Соодветно е тешка глупост да се водиме од тој принцип.
Но интересно е да се напомене дека токму еволуцијата го наметнува тоа правило.
Па прашањето ми е: Дали кога не би се воделе од тоа правило, еволуцијата би продолжила да се развива или до кој момент би се развивала?
 
4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
За оваа тема добив инспирација од еден цитат што го видов во фејзбук: "Кога секојдневно си опркружен и живееш помеѓу волци , кога тогаш и ти ќе се научиш да касаш".

нема врска ова ... имам еден комшија - голубар е, човекот цел живот чува и лета гулаби, а он уште не научи да лета !

а може и научил да лета, само не лета пред нас (think)

:sreken
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Реченицата е ставена под наводници :rolleyes: .....тоа доволно покажува дека не станува збор за крволочно касање на месишта.

kones редно беше да се појавиш,ненаспана неможам да напишам што точно мислам околу твоево прашање што го бара темава,но за ова со волците има и друго решение,ако нејкам да научам да касам,сама ке изберам меѓу што ке живеам,дали мегу волци,дали мегу јагниња или ниту покрај едните ни другите.А може пак ке балансирам и со двете. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

Интересно е дека кога би избрала да живееш помеѓу јагниња, еволуцијата запира(воден од принципот на еволуцијата). Па прашањето ми е до тебе: Дали со изборот кој го правиме во моментот кога избираме да живееме меѓу јагниња запира еволуцијата и тоа е всушност моментот кога го достигаме својот максимум како вид?
или: Кога би биле бесмртни дали во тој случај можеме да избереме да бидеме јагне, а да не влијаеме на еволуцијата?
 
Кога одговорот на второво прашање би бил "да" тогаш целава ситуација добива една друга димензија. Односно ново-откриените апгрејди, дали ќе бидат достапни за сите или ќе бидат достапни до селективна група на субјекти кои можат да си го дозволат тоа. Ако бидат достапни само до селективна група, тогаш повторно настапува на сцена правилото око за око, за кое знаеме до каде води тоа, што значи апгрејдите мора да бидат достапни за сите. Во тој случај пак се губи правото на сопственост на единката. Што значи дека за да избегнеме катастрофа(која ке се предизвика од принципот на еволуцијата) потребно е да се простиме од правото на сопственост. Односно да живееме како група од единки, а не како дел од група. Или на нашки кажано сите природни ресурси кои изобилуваат во природата треба да се достапни до сите единки, а не само до определени единки, а војните и конфликтите ја губаат својата смисла на постоење во новава система.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Кога одговорот на второво прашање би бил "да" тогаш целава ситуација добива една друга димензија. Односно ново-откриените апгрејди, дали ќе бидат достапни за сите или ќе бидат достапни до селективна група на субјекти кои можат да си го дозволат тоа. Ако бидат достапни само до селективна група, тогаш повторно настапува на сцена правилото око за око, за кое знаеме до каде води тоа, што значи апгрејдите мора да бидат достапни за сите. Во тој случај пак се губи индивидуалноста на единката. Што значи дека за да избегнеме катастрофа(која ке се предизвика од принципот на еволуцијата) потребно е да се простиме од индивидуалноста. Односно да живееме како група од единки, а не како дел од група. Или на нашки кажано сите природни ресурси кои изобилуваат во природата треба да се достапни до сите единки, а не само до определени единки, а војните и конфликтите ја губаат својата смисла на постоење во новава система.

Е сега вистинскиот реален избор кој ни припаѓа е да избереме во која система сакаме да живееме. Во система каде што води до гибел(катастрофа), а имаме право на сопственост но со конечен крај(смрт)на единката или система која не води до гибел а сме безсмртни, но немаме право на сопственост?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Интересно е дека кога би избрала да живееш помеѓу јагниња, еволуцијата запира(воден од принципот на еволуцијата). Па прашањето ми е до тебе: Дали со изборот кој го правиме во моментот кога избираме да живееме меѓу јагниња запира еволуцијата и тоа е всушност моментот кога го достигаме својот максимум како вид?
или: Кога би биле бесмртни дали во тој случај можеме да избереме да бидеме јагне, а да не влијаеме на еволуцијата?
Ке ти одговорам со незнам :)
малку ми се хаотични и прашањава а со тоа и самата тема.
сабајлечки мислев дека до мене е што не сум спиена,но сега ако е пак до мене значи толку ми сече црпката и ке неможам да ти одговорам :sram
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Не се секирај не е до тебе, јас малце забегав со монологов :sram фаворизирајки ги само некои варијанти, а постојат и други. Искрено се надевав дека некој ќе ги посочи, но што да правам тоа е. Инаку изводите од моите фаворизирани варијанти се поклапаат со изводите или сугестиите на Zeitgeist movement, така да не е нешто ново и истите можат да подлежат до некој степен на валидност, зошто не сум само јас кој ги анализира работите од тој агол, а ги добива истите изводи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ма нема гајле,само можеби треба да ја поедноставниш темата и ке биде итекако интересна за дискусија,поготово смислата на насловот. :)
а другите прашања во друга тема.но тоа е само мој предлог,нека си стои може и вака ке ја разглобиме.
 
kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Па и мене ми текна да ја поедноставнам, но темата ја отворив на компјутерот на работа, а сега сум дома и не можам да ја едитирам од овој компјутер :banghead.