Respect за постот, мило ми е што има некој на форумов што се замара со овие проблематики.
"начин на живеење, знаење, мудрост, способност, ментална и физичка сила" се решава со добра едукативна система, система не само во образованието туку и во општеството како целина. Tрпението, апсолутна толеранција и егото би ги решиле кога би успеале да го продолжиме животот до степен кога истите би се распаднале од само себе си кога би биле исправени истите пред големата должина на животот или бескрајноста. А за безусловна љубов, мислам дека сме способни и на ова ниво од еволуцијата.
Кога за цел, би си ја поставиле опстанокот на човештвото и колонизирање на вселената, различноста е добродојдена се додека не е во конфликт со касењето и би понудила решение за патот до целта, а во исто време не штити од закржлување на мозокот.
Остатокот од постот опишува една раса од Star Trek-Вулкани(Спок)
,кои според филмот успеале во тоа и може да послужи како доказ за успешен обид.
Уште еднаш голема пофалба за обидот и како што гледаш наполно остварлива идеја само што треба да платиме одредена цена за тоа. Па прашањето кое следи како последица на постов е дали ти би ја платила оваа цена за да оваа система биде успешна?
Дали би ја платила таа цена? Ајде прво да размислам што би добила со тоа. Најпрвин на ум ми дојде рамноправноста, еднаквоста... и прво што помислувам е тоа дека рамноправноста е добра, но веќе следниот момент ми се крши таа идеална слика со помислата дека сите ние сме родени различни и баш тие разлики не прават да сме она што сме, тоа е она на што сме горди со самите себе кога победуваме во натпреварите кои секојдневно ги водиме. Тоа е она што не тера да ги согледаме нашите способности и тоа е она што не тера да ги развиеме истите до што поголем степен. Некои луѓе ги развиваат поради желбата да се биде прв во натпреварот, некои за да можат полесно да си ги задоволат потребите и така натаму, примери има безброј.
Е кога би можело да сме сите еднакви и рамноправни( мислам на апсолутна рамноправност) и кога истото би им одговарало на сите, тогаш способностите и талентите што ги поседува поединецот немаат никаква улога во неговото постоење. Јас од своите способноси и таленти не би се откажала бидејки благодарение на нив сум тоа што сум!
После рамноправноста помислувам на мирот. Сите посакуваме мир во светот, мирни мегусебни односи, мир во длабочините на нашата душа и во повисоките форми на свест. Да, прекрасно звучи, но ајде ќе се обидам да го замислам мирот, апсолутниот мир... нема конфликти, натпревари и касање. Нема конфликти благодарение на нашата безусловна љубов, благодарение на нашето одамна елиминирано его, на нашата еднаквост и рамноправност, на нашите целосно контролирани нагони... но, нема телесни задоволства и страсти и ги нема сите чувства и емоции во кои предходно сме уживале благодарение на нашите сетила... Во тој случај човекот би јадел колку што му е потребно за да преживее, така би имало храна за сите и во тој случај човекот би јадел тоа што има, не прибирајки, без да го чувствува вкусот на храната, без уживање...
...Во тој случај човекот би се парел само со цел да направи потомство, нема љубов, нема страст, нема уживање, нема желба за поседување, нема љубомора, нема брак како институција...
Во тој случај и уметноста не би била обожувана.
Не би се откажала од задоволствата во кои уживам благодарение на сетилата.
Кога за цел, би си ја поставиле опстанокот на човештвото и колонизирање на вселената, различноста е добродојдена се додека не е во конфликт со касењето и би понудила решение за патот до целта, а во исто време не штити од закржлување на мозокот.
Различноста секогаш води до конфликт, а конфликтот до касање. Спасот на човештвото не го гледам во колонизирање на вселената, туку спас само на еден дел од човештвото, оној дел во кој припаѓаат најмоќните и најбогатите, што не значи и најспособните...
Спас за целото човештво би имало само кога сите би биле еднакви, но како што и самиот кажуваш, различноста секогаш резултира со подобри решенија и го штити човекот од закржлавување.
Тука завршувам, не ми се размислува понатаму, не би ја платила таа цена -мој засега конечен одговор!
И повеќе од јасно е дека дури и растенијата се касаат помеѓу себе за да опстанат.
Ќе касам и ке ризикувам да бидам касната, но нема да го проживеам животот како камен.