Ѓавол - постои ли?

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
На природната селекција и одговара да мислиме дека ѓаолот бил гз и гашти со злото...

Од каде сме сигурни што е добро, а што лошо(зло) ?
Кој ја поставил таа виртуелна граница во нашата свест?

Се е релативно.. Со ова чичко Ајнштајн ги објаснал нашите погледи кон животот многу повеќе од Библијата, Гугл и Вики - заедно. Ама ај да не должам...
Абе види ... низ човечката историја се дешавале безброј катастрофи, војни, крвопролевања, епидемии и други раноразни несреќи. Ако ти умре рецимо непријателот за тебе тоа ќе биде божја казна и праведно, а неговото семејство ќе тврди дека џаоло умешал прсти. Меџутим после може истово тебе да ти се деси и да биде обратна работата, па на некој друг итн. Поради тоа што сите доживеале некоја несреќа, сите вака или онака го осетиле џаолот на своја кожа. Поради многубројните такви искуства низ човечката историја, сета таа збирштина на несреќи, зла итн. човекот ја доделил на некоја си виша зла сила која ја нарекол Ѓавол. Ѓаволот е архетип на човековото колективно несвесно. Безбројни генерации низ минатото биле сведоци и доживувале несреќи на своја кожа. Ова повторување низ генерациите се зацврстило во колективното несвесно како архетип на ѓавол - моќна зла сила која го искушува и го повредува човекот. Христијанството на оваа универзална мисла му дала и облик, антропоморфен облик. Коза, јарец, чудовиште со копита и рогови бла бла. Овие креатури станале персонификација на Злото. Како Чичко Сем рецимо што е персонификација на американската влада. Истото, само спротивно е и за добрата сила а.к.а. Господ. Овој е негде горе на небо, а за џаолот им одговарало да напраат дека живее под земја. ... Мојот одговор на прашањето е - Ѓаволот каков што е прикажан во аврамските религии, не постои. Истиот став го имам и за неговиот ривал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Да постои 100%со таков зивеам повеке од 20 год.
И како е во пеколот? Имат женски, оган, дрога, алкохол и такви слични ствари како што прикажуваат на демото?
Не за друго планирам да идам и јас натаму, барем да пуштиш некоја информација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Бидејќи денес е на мода видео клипови и документарки, повелете, радувајте се (има добар метал во позадина на документарецот):

Тука пак има извадок од книга на Елифас Леви и неговиот „христијански“ мистицизам.
Уживајте :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Не сум премногу религиозен па ќе ви кажам од економска страна кај е ѓаволот. Ѓаволот се наоѓа во хипотеките, каматите и долговите кои што (Ви) настанале кон банките. Ќе ве остават без кров над главата и скршен денар за парче леб. Тогаш ќе осетите голема глад, студ и болка во себе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не сум премногу религиозен па ќе ви кажам од економска страна кај е ѓаволот. Ѓаволот се наоѓа во хипотеките, каматите и долговите кои што (Ви) настанале кон банките. Ќе ве остават без кров над главата и скршен денар за парче леб. Тогаш ќе осетите голема глад, студ и болка во себе си.
Заради??