За ваквите прашања и слични на нив никогаш нема да има еден одговор, едно мислење, еден став, а и така треба да биде. Значи јас може да сметам дека маж шо пушта солзи ( често ) е слабак, друг не. За мене девојка со војнички панталони може да е секси, за баба од 70-80 години да претставува ќерка на ѓаволот, разбираш. Секогаш ќе има некои на кои ке им бидеме симпатични, а на други антипатични. Оти секој човек си има свој вкус и свои причини за да верува дека е во право, можеби причините му се искривени ама ај оди докажи му. Небива. Ако треба и за инает нема да признае дека бил грешка.Тогаш, зошто да е во ред жената да плаче кога сака, каде сака и колку сака додека мажот кој ќе пушти солза е слабак? Зошто жената која одбрала да носи широки војнички пантолони и широки маици да е несредена?
Доколку текстов го сметаш за поплака.. ќе ти се заблагодарам за времето што го насочи кон него и што го прочита, но овој текст е токму спротивното. Го напишав со цел да се подигне свесноста и храброста кај горенаведените поединци
искрено и не знаев како навистина треба да го разберам, ама сега ако не грешам воведот е нешто во стилот на зеитгеист (документарец иначе) епилог кој треба да делува мотивационо на оние позатуцаните во умот.. Not bad, само кој како и колку ќе сфати тоа е друго 20.