Ти биди промената која сакаш да ја видиш во светот

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ти биди промената која сакаш да ја видиш во светот..
Ганди
Еве со оваа мисла ја започнувам темава. Многупати се жалиме дека нештата не се мењаваат. А у ствари ние чекаме работите да ни "паднат од небо" и да се случи чудо т.е. само се да се реши. Колку ние самите работиме на промените кој сакаме да ги видиме во нашиот свет. Секој да реши да биде поинаков и друг по тоа многу работи би се мењавале на подобро. Наместо да чекаме сами работите да се случат и да бараме подобрување од другите, подобрете си се првин себе си па тоа очекувајте го од другите така многу работи би тргнале на подобро, нели?!..
Оставам на вас понатаму. :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Нема да згрешам ако кажам дека ова може да биде интересна колумна за читање а како тема поставена не премногу ќе биде дебатирана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Всушност ние луѓето сами сакаме да го вратиме времето наназад. Решение за секој проблем има само треба да се размислува со ладна глава. Напротив јас не чекам да ми падне од небо туку самата го реализирам во мојата глава, наоѓам начин како да го решам тоа. Ако самите денеска не се смениме никој нема ништо да очекува од нас, би бил разочаран зашто верувал и мислел дека нешто тоа ќе промени. Јасно ми е дека човекот не се менува преку ноќ, ако има голема желба да се промени би го направил тоа со тек на време, постепено и постепено.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Некогаш не можиш ти да бидиш промената што сакаш да ја видиш... што ако се промениш и пак не си доволно добра? мора да се обидат и другите да се сменат...
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Цело време чекаме нешто. Нешто подобро. Нешто што ќе влијае позитивно. Божем тоа од небо ќе падне. Ништо не превземаме а тоа не е добро. Цело време се жалиме, се не ни е погодено. Пр. се жалиме ее ама е досадно, а што преземаме за да ја убиеме досадата? Ништо! Повеќе би денгубиле одколку да смениме нешто. Само чекаме и се надеваме на подобро. А чекањето на надежта е безнадежно. Ние самите влијаеме на промените. Всушност ние самите треба да ги поттикнеме промените.. ама некако слабо.. Луѓето некако се научија само да се жалат за било што. Секогаш има некој кој е крив. Божем тоа ќе смени нешто ако се знае кој е крив. Битно е што ние ќе превземеме во врска со тоа.... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Човекот како индивидуа ретко може да влијае на некоја промена што се однесува кон општеството. А и поретки се оние луѓе кои успеваат сами да внесат промени во целото општество, а почесто го има тоа во американските hollywood филмови. :)
Единствено доколку некој човек има поголема финансиска моќ со која денес се лажат сите, најискрено, тогаш можеби некој ќе се залага за подобро утре! :) А и од друга страна, се е себичност, си го храниме само егото.
Си имаме ставено во глава дека од Господ, ако сме добри, ќе ни донесе и пари и среќа и љубов, а добри за некои значи НИШТО да не прават, така да..

Реалноста е таа. Поради некоја причина ја сум се нашла овде, поради некоја необјаснива причина ја сум таква, мојот живот е таков. И не, овој пат нема да се утешувам со оптимистички мисли, овој пат ќе бидам реална и ќе серам за тоа колку никој уствари и не може да направе никаква промена затоа шо и никој ни не го заболело (со извинение) за тоа дали утре НЕКОЈ од нас ќе има подобар живот. Заради тоа што и самиот родител знае да биде себичен спрема детето, а не пак некој друг! :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Само што сакав да отворам тема на оваа тематика.Мислам дека ако ја отворам ке биде дупла.
Не сум сигурна и затоа овој текст ке го сместам овде.Ако е за нова тема ке ја замолам Реми да ја отвори,ако не нека ми го отфрли воведниот дел од текстот ако е возможно.

Сакав да ја насловам како Мокта на еден човек.
Секој човек има можност да го промени светот.Има ли секој храброст да го направи тоа?
Многу луге не се свесни за своите способности,дел од нив кои биле свесни за тоа му се познати скоро на цел свет.
Има и од оние кои се свесни но не прават ништо само поради тоа што мислат дека нема да постигнат ништо позначајно,големно и посебно.
Но сепак,голем е бројот и на лугето кои успеале да направат нешта за кои дури ни самите не биле свесни.

Прашањето ми беше,што мислите вие,дали во секој човек се крие способност да го промени светот?
Што се,еден обичен човек може да го направи според вас голем?
Не ми е прашањето за големите мокни луге низ цел свет,туку за обичните луге.
Ке го приложам видеово за оние што ке сакаат да го изгледат,и е баш показател на моето мослење,околу тоа,дали и колкава е мокта на еден човек при промена на светот.

 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот ми е премногу егоистичен став. Го презирам човековото его и како тоа сам си ја величи својата моќ.
Не, сметам дека еден човек не може да има огромно влијание на целиот свет околу некоја работа. Ако збориме за кремчиња, ташнички, сукњи и сл. во ред, верувам дека може да го смени светот визуелно. Но дека еден човек може да доведе до напредок во целиот систем така одеднаш и преку ноќ...меееех, тоа ни во приказните не постои.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Биди ти промената која сакаш да ја видиш во светот ми е премногу егоистичен став. Го презирам човековото его и како тоа сам си ја величи својата моќ.
Не, сметам дека еден човек не може да има огромно влијание на целиот свет околу некоја работа. Ако збориме за кремчиња, ташнички, сукњи и сл. во ред, верувам дека може да го смени светот визуелно. Но дека еден човек може да доведе до напредок во целиот систем така одеднаш и преку ноќ...меееех, тоа ни во приказните не постои.
Зошто егоистичен став? Поентата на реченицата е дека не треба да чекаме некој друг да направи нешто за нас, да започне нешто наместо нас. Кога никој од никого нема да чека да направи нешто, работите би тргнале кон подобро. Поготово во оваа држава со заспана нација. Секој си гледа само за него и не се активира да направи нешто за општо добро на сите, да поправи нешто, да иницира. Секој чека од некој друг. Овдека владее она ’’абе има таму кој да се замара, не можам јас’’ или ’’почните прво вие, па ќе ви се придружам јас ако треба’’. Еден човек не може да има огромно влијание на светот, но може на тие околу него, па таа група луѓе на градот, градот на државата итн... шознам, можеби не ја сваќаме исто реченицата погоре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena