Зошто поимов долга врска по автоматизам значи навика, нељубов?
Јас имам долга врска, 4 ипол години за неколку дена, и го сакам бре. Го сакам многу повеќе од почетокот. Го познавам, ме познава.
Тој ме сака, ме љуби, ме соблекува со поглед, пострастно од почетокот.
Искрено, бројката што означува колку време сме во врска комплетно ја занемарувам. Тој ми недостига кога не го слушам подолго време, не ми е сеедно кога се караме, и двајцата се трудиме да најдеме решение.
Ние поминавме низ многу. Ама многу.
Како да речам дека ми е навика, а кога ме држи за рака ме лазат морници?
Како да речам дека сум му навика, кога без причина знае да ми пише пораче, со едно ТЕ САКАМ?
Во мојот случај да, долга врска значи љубов. Голема и тоа.