Никогаш не сум се ни запрашал дали другите си се позадоволни од своите партнери. Незнам зошто, ете можеби од страв што ќе најдам во одговорот
- шала на страна не сум човек што се интересира за туѓ сексуален живот.
Јас од мојот сум задоволен (не земајќи го периодов од 2-3 недели пред пораѓај на жена ми, кога сум во
строг пост)
Задоволен сум затоа што сеуште експериментираме. После толку години не менување на партнерката јас мислев дека ќе дојдам до стадиум каде што ќе и ги кревам нозете и колку да не биде без ич.
Тоа сеуште не ми се случило, ми се чини и нема да ни се случи.
Разновидноста, иновацијата е она што ни го држи сексот сеуште
жив.
Времетраењето - е тоа е она со кое последнава година си имам проблем. И тоа не е поради мене, туку поради другите обврски кои ни дојдоа во животот.
Кога станува збор за она што ме прави незадоволен од мојов сексуален живот дефинитивно е она што ме чека во наредниот месец.
п.с. Совет од мене за сите што не се во брак. Нека си уживаат додека не дојдат децата. После... е после ќе си бидат ставени во втор план. Ако не и трет