Сте се запрашале ли дали другите имаат повеќе секс од вас?
Дали се позадаволни?
Во зависност од редовноста,времетраењето,или било кои причини,колку вие сте задоволни од вашиот сексуален живот?
Што е она што ве прави не/задоволни од вашиот сексуален живот?
Ако под тие „други“ подразбираме за оние кои што си цело време со нив како на пример најдобри другари, тогаш да.Од причина што постојано сме во контакт и ѕвонат телефоните, ако на некој му испадне „ситуација“ тогаш не’ известува да не му ѕвониме тој период и дека ќе не бара подоцна.
Е сега автономно на тоа секој од нас ги искористува тие „ситуации“ во зависност од тоа со колку време располага.
Од сите тие мои најдобри другари, јас со највеќе слободно време располагам.
Општо за цел свет поим немам колку се секса.А и не би ме интересирало.
Не можам точно да кажам колку е редовен сексот но кога би удрил еден просек тоа би излегувало некаде 3-4 пати неделно.
Задоволен сум од сексот затоа што ми доаѓа како јаготка на шлагот после долг и напорен ден.Плус особата со која што го правам тоа ја знам долго време така да нема никаква тензија или било што.Баш е онака кул.