Абе јас сум уште нова овде...чекајте дури се да укапирам...
Ај јас ќе ти појаснам во кратки црти.
Абеее времина беа тоа, ко бевме млади и луди, сега сме само луди. Вака изгледаше еден ден во харемот низ призмите на еден форумџија/ ќе се земам јас за пример.
Станувам од сабаје (онака мамурен од претходниот ден-пијанка во харемот + уморен цела вечер на сарчето стриптиз и играв), земам кафето вонвиртуелното, уклучувам форумот, слушам гонзо тука вика: ајде мајоре остај кафето, да закачиме по еден абсолут- демек чивија со чивија се ваќа... мелпомена иде со тортите од кафичот црнобело да ни го крени шекерот и вика: абе ајде изедете ги тортиве и да денсниме малце на подиум... тука се вртат некои уште играат, стрит чик, лејди блу, јами најголеми денсери во дискотекава... на сепаре гледаш 048 ја шмека форевр , она му се смешка под мустаќ (ама да знајш тука ја фати ја убеди некако во пијана состојба и ја доби)... па иде овој лудиот парвати со некој ултра виолетов костум, и инфра црвени кондурчина број четересет и два, кажвит два реда муабет на кумановски , сам се смејт , сам се прашуват, сам си одговарат и бегат таму на тие високите маси пие некој коктел пинаколада на пример. Трабл иде после ручек зема текилите, пали џоинт внатре салата се прајт и одма некоја идеа за журка (пена парти, пендрек парти, п***а парти... шо било нешто само парти да е)
4 фан и саладин со пивцината застанале до некој стуб и ги мерат девојките од утро до вечер, и само ги оговараат која е позгодна која да ја бркаат вечерва шо да и прават итн. Најтмери нон стоп до тие миксетите цела вечер музиката до максимум да ти пукнат ушите али добра музика пушташе- секоја чест. Џакал летнат како секогаш нон стоп влези внатре, оди надвор, во вц, на подиум, на сепаре, на шанк, никако да се завртит тука- сад го видиш, сат не го видиш. Кнајф со лејди ќе поминеа на една пијачка (пола сат) и ќе ги снемаше демек имаа работа во ПП, и така all day all night.... ех многу убаво беше тогаш.
melpomena еве го стриптизот за
Sarah, сеуште добро играм