Еве го мојот концепт за господ. На сликава како што можите да забележите, гледате полно парчиња стакло. Расеани низ цел под. Наваму натаму, големи, мали, остри, заоблени, во секакви форми и секое има различна функција. Ако оваа слика ви значи нешто, сигурно прво што ќе речите Е ОВА Е ЧАША. Ама сигурно дека не е. Чаша е ова:
Oваа чаша,има нешто што тие парчиња погоре не го можат. МОже да стои, има изглед, има дизајн, совршено мазна и изработена, и може да се чува вино во нејзе и да се пие. Значи има ФУНКЦИЈА. Таа функција за овие парчиња стакло погоре, што ги гледате, на првата слика, е надреална, невозможна, па дури и фантастична. Е сега, како шо можите да зебележите од првата слика, и сите претпоставуваме дека е чаша, ама тоа се парчиња стакло, ама претпоставуваме оти е чаша. И кога некој би побарал доказ дали стварно е чаша, дали стварно чашата постои, парчето стакло не можи да докажи дека е чаша, или дека чаша постоела, ама сепак е дел од чашата, затоа што 2 парчиња излегуваат од 1 поголемо. Е сега, шо кога би одело по обратен концепт, од тие парчиња стакло, ако се спојат ЗАЕДНО,СЛОЖНО И СЕКОЕ СО СЕКОЕ БИ СЕ СПОИЛО, тогаш добиваме сосем нова димензија, или ЧАША како на втората слика.
Од овој муабет можи да се заклучи, според мојот концепт, дека господ - сме сите ние наоколу.Сите заедно. Од една целина, сме настанале, према мене како голема енергетска целина, пошто душата е енергија, преточена во милјарди и милијарди организми. И сепак, мислам оти овој концепт е точен, ако гледаме според природата. Ние дишиме кислород, а испуштаме цо2. Растенијата дишат цо2 а испуштаат кислород и имаме биолошки круг, и не само тоа туку и еден тон други поврзни работи во биолошкиот круг. Друг пример, за тоа “парчињата заедно формираат чаша“ е кога повеќе луѓе се собрани работат на еден проект па го достигнуваат невозможното. Сигурно дека, еден човек не би го измислил авионот, потребно е некој што ќе пронајде мотор, друг кој ќе пронајде радар, радио врски, па трет што ќе знае да тапацира седишта за удобно седење, четврт за дизајн петти за каросерија итн, значи колку повеќе луѓе работат заедно толку повеќе го достигнуваат “невозможното“, што према мене ако некогаш успее овај свет да снема војни, и омрази меѓу луѓето, не би требало да се восихитуваат на научно фантастични ликови туку фантазијата би преминала во реалност.
А кога некој ќе праша зошто чашата тогаш се скршила на парчиња, тогаш одговорот сигурно би бил, секое парче сакало да постани чаша....