Имам мала конфузија околу темава (премногу кратко е објаснето), но од преголема желба да се изјаснам, еве на кој начин јас го разбирам размислувањето на луѓето:
You live only once , but if you do it right once is enought....од една страна.
Живеј го секој ден како да е последен....од друга страна.
Две мисли, два патокази каде секоја индивидуа го одбира својот пат.
Начинот на размислување според мене зависи од повеќе фактори:
- околината во која израснуваме.... беше некој споменал на друг форум "за идеали гинат будали". Балканштината во нас е наметната од општеството во кое сме се родиле. Начинот на удварање, стилот на живеење, мрзливоста како порок, тврдоглавоста како доблест, трудољубивоста, издржливоста, еманципираните фаци- резултат на политиката како дел од нашето секојдневие. Непрекинато сме приморани да слушаме нови теори, нови идеи, нов начин на опстанок, нови бизниси, дури и да ни солат памет нашите квази сезнајковци од диаспората. Сето ова влијае како треба да размислуваш и да се прилагодиш на околината за да можеш да опстанеш. Под оваа цртичка имам една песна/ односно првата строфа
- наследните гени и домашното воспитување... за да бидеш успешен, ценет, паметен и поштован треба да потекнуваш од афторитетно семејство. Ако си џанкер, поголем е срамот да твојот татко биде дирекор на Пелистерка одколку механичар во ЕМО. Ако бидеш син од директорот, најмалиот степен на образование треба да биде факултетот, а ако си од механичарот можеш и со средно. Барем така е во 99% од случаите што јас ги познавам. Ако твоите се уметници, твојот сенс, слух, и љубовта према музиката/сликањето/театарот би требало да биде поголем од останатите бидејќи со тоа си израснал, и твоите планираат тоа и да работиш. Просто кажано: размислуваш позрело, ако има кој да те подучи.
- кој е нашиот врв на задоволство, за што се залагаме, што не исполнува... под оваа црта се подразбира стилот на музика, облека, говор, друштвото кое го одбираме... се премногу битен фактор кој не насочува кон идните замисли, понатамошното планирање кои не градат како посебен лик со абсорбирани замисли и стилови од другите.
- левелот на образованието, бонтонот, културата, дисциплината која ја поседуваме се многу клучен фактор за иградување на карактерот и размислувањата.... во оваа групација спаѓа и спортот, што според мене тежнее да ти бидеш постабилен, поцврст и попринципиелен према општеството. Тоа значи дека твојот карактер и размислување се темели на стабилен лик, на кој може да се довереме во одредена ситуација, кој е способен да ја обави работата и ако сме оставиле лице кај него, тој нема да не изневери.
- емотивниот систем... психичката растроеност, депримираноста, меланхонијата се најнегативните ствари кои ти ја уништуваат самодовербата.
Преку пример : ако дознаеш дека имаш уште 10 дена живот... а ги поседуваш горенаведените емотивни карактеристики, ќе бидеш дупло повеќе уништен, безнадежен.... ќе легнеш во кревет, ќе тажиш, ќе се жалиш, ќе го поминеш и последното време пренајнајпренајлошо. Ако си храбар, полн со енергија, издржлив, и ако имаш замисла и ако оваа вест комплетно не го падни твојот морал, ти ќе ги направиш сите ствари кои до сега не си успеал и барем некој гест по што ќе те памети светот..или да не претерам градот.
Јас така го согледувам начинот на кој луѓето размислуваат.
Saladin бате, реков конфузија бидејќи и двата примери (раѓањето и сетилата) ми изгледаат премногу поврзани... подобро би било: околината или самите ние/ дали околината има влијание на нашите размислувања.