Чаша од нескафе онде, шише со две голтки сок во него овде, кутија од сладолед малце понатаму, листови хартија по кревети и масички..собава ми е џунгла. Со денови се убедувам да суредам ама не и не. Се нервирам што поголем дел од денот минувам во ваков хаос. Мајка ми се решила овој пат ни со прст да не мрдне, таа така ме научила, па сега сака да ме одучи. Ај кога и да е ќе светне и овој дел од куќава.
Не знам дали е мрза ова или тоа што немам желба за ништо. Само лежам и размислувам. Креветот ми е најдобар пријател последниве месец дена, а јас негов најлош.
Сакам да заспијам и да се разбудам после 4 години. Не знам како ќе ги издржам