Кое е најдобро шоу според вас и зошто?
Кое е најинтересно, највозбудливо итн...итн....
Мое омилено е Преживеан. Затоа што е на остров (а не во куќа затворен). Има доста караници и смешни ситуации, борби.
Кое ви е најдобро што сте го гледале или го гледате?
Ново музичко реално шоу „Супер Бенд“
Сите добро го паметиме музичкото реално шоу „Операција Триумф“, кое што пред некоја година, откри неколку нови балкански таленти. Овојпат Тв Пинк реши да направи нешто слично, но, новото шоу не е само за пејачи туку и за сите оние кои свират некој музички инструмент.
„Супер Бенд“, музичкото реално шоу, ќе почне да се емитува наскоро на програмата на Тв Пинк 15 и ќе трае околу 2 месеци. Ќе опфаќа поп и рок музика, а музичарите кои ќе се пријаваат конечно ќе имаат можност за голем сопствен концерт. Снимањето на шоуто ќе се одвива во Белград, а ќе има учесници од балканските земји.
Пејачи, клавијатуристи, басисти, тапанари и сите останати музичари за учество во шоуто може да се пријават на [email protected] или пак да се јават на бројот 3090-515.
Аудициите ќе почнат наскоро, а првата награда ќе изнесува 1. 000 000 денари. Водителка на ова реално музичко шоу ќе биде поранешната девојка на Жељко Јоксимовиќ, Андријана Чортан. Учесниците ќе живеат и создаваат музика заедно и ќе уживаат во награди како сопствени песни, спотови, создавање нов бенд и нови инструменти.
Кога сме веќе на оваа тема да го споделам и ова:
Независната вселенска компанија Mars One планира до април 2023 година на Марс да испрати четири лица кои никогаш повеќе нема да се вратат на Земјата.
Компанијата тврди дека после тоа на секои две години ќе праќа по уште една четиричлена екипа, со цел што побрзо да се изгради колонија. До 2033 година на Марс би живееле 20 лица.
Mars One во моментов преговара со независни вселенски доставувачи, како што е SpaceX. Оваа холандска компанија ја има поддршката од добитникот на Нобелова награда за физика Gerard 't Hooft, како и Paul Romer, ко-автор на реалното шоу Big Brother.
Астронаутите уште следната година ќе започнат со подготовките, а целата програма на избирање и тренирање ќе стане медиумски настан сличен на некои од реалните шоу-а.
- Ние на ова гледаме како на патување кое им припаѓа на сите нам и од тие причини секој чекор ќе го правиме заедно со јавноста. На тој начин и ќе ја финансираме оваа мисија. Мисијата на Марс ќе биде и најголемиот настан во историјата, велат од компанијата Mars One.
Мисијата на компанијата Mars One започна да се развива од минатата година.