Најдобро шоу

Најдобро е:

  • Фарма

    Гласови: 0 0.0%
  • Преживеан

    Гласови: 4 36.4%
  • Големиот брат

    Гласови: 1 9.1%
  • Идол

    Гласови: 1 9.1%
  • Операција Триумф

    Гласови: 2 18.2%
  • Супер Бенд

    Гласови: 0 0.0%
  • Тоа сум јас

    Гласови: 0 0.0%
  • Фактор Страв

    Гласови: 1 9.1%
  • Друго

    Гласови: 2 18.2%

  • Вкупно гласале
    11

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Кое е најдобро шоу според вас и зошто?

Кое е најинтересно, највозбудливо итн...итн....

Мое омилено е Преживеан. Затоа што е на остров (а не во куќа затворен). Има доста караници и смешни ситуации, борби.

Кое ви е најдобро што сте го гледале или го гледате?


Ново музичко реално шоу „Супер Бенд“

Сите добро го паметиме музичкото реално шоу „Операција Триумф“, кое што пред некоја година, откри неколку нови балкански таленти. Овојпат Тв Пинк реши да направи нешто слично, но, новото шоу не е само за пејачи туку и за сите оние кои свират некој музички инструмент.
„Супер Бенд“, музичкото реално шоу, ќе почне да се емитува наскоро на програмата на Тв Пинк 15 и ќе трае околу 2 месеци. Ќе опфаќа поп и рок музика, а музичарите кои ќе се пријаваат конечно ќе имаат можност за голем сопствен концерт. Снимањето на шоуто ќе се одвива во Белград, а ќе има учесници од балканските земји.
Пејачи, клавијатуристи, басисти, тапанари и сите останати музичари за учество во шоуто може да се пријават на [email protected] или пак да се јават на бројот 3090-515.
Аудициите ќе почнат наскоро, а првата награда ќе изнесува 1. 000 000 денари. Водителка на ова реално музичко шоу ќе биде поранешната девојка на Жељко Јоксимовиќ, Андријана Чортан. Учесниците ќе живеат и создаваат музика заедно и ќе уживаат во награди како сопствени песни, спотови, создавање нов бенд и нови инструменти.

Кога сме веќе на оваа тема да го споделам и ова:

Независната вселенска компанија Mars One планира до април 2023 година на Марс да испрати четири лица кои никогаш повеќе нема да се вратат на Земјата.
article-2154336-1370ED680002.jpg

Компанијата тврди дека после тоа на секои две години ќе праќа по уште една четиричлена екипа, со цел што побрзо да се изгради колонија. До 2033 година на Марс би живееле 20 лица.

Mars One во моментов преговара со независни вселенски доставувачи, како што е SpaceX. Оваа холандска компанија ја има поддршката од добитникот на Нобелова награда за физика Gerard 't Hooft, како и Paul Romer, ко-автор на реалното шоу Big Brother.
article-2154336-1370ED68000.jpg

Астронаутите уште следната година ќе започнат со подготовките, а целата програма на избирање и тренирање ќе стане медиумски настан сличен на некои од реалните шоу-а.

- Ние на ова гледаме како на патување кое им припаѓа на сите нам и од тие причини секој чекор ќе го правиме заедно со јавноста. На тој начин и ќе ја финансираме оваа мисија. Мисијата на Марс ќе биде и најголемиот настан во историјата, велат од компанијата Mars One.

Мисијата на компанијата Mars One започна да се развива од минатата година.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Ниедно од овие не гледам. Всушност, воопшто ниедно шоу не сум гледала веќе долго време. Последно мислам дека го гледав Scream Queens (првата сезона) каде победничката добиваше улога во SAW VI. И филмот уште не го имам гледано. |-( Порано на MTV ги гледав тие од типот на Room Riders; Disaster Date; Dismissed; Next...
Омилено и немам баш поради тоа што, како што кажав, не пратам многу.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не закаснила, си пишува во воведот убаво. Само кој да прочита. ;)
Се е прочитано и за мене е закаснета,јас си пишав мое мислење,немора да се согласуваш ти со него,за тебе ако беше закаснета немаше да ја поставиш,и немора одма да навалуваш пак да мислам исто како ти
..а и не ми се интересни шоуа со караници ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*, 048 and slb_bobo

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Преживеан е најинтересен, поради борбите и поради пустите острови. Инаку пред некој ден почнав да гледам Големиот Брат (САД) 14 сезона и 100% е поинтересен од балканскиот Голем брат каде има само расправии и теглење за коси. :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Преживеан е најинтересен, поради борбите и поради пустите острови. Инаку пред некој ден почнав да гледам Големиот Брат (САД) 14 сезона и 100% е поинтересен од балканскиот Голем брат каде има само расправии и теглење за коси. :)

Епа тоа ти е балкански менталитет. :D Што друго може да прават нашиве.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Гледам руско реално шоу ДОМ - 2
Трае веќе 8 години и не се споредува со овие кај нас што ги даваа :)
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Бш ниедно не гледам од овија фејк-шоуа.

А порано гледаше едно наше...незнам како се викаше, драги шпага беше у њега... :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati