секако дека Мурињо НЕ Е најдобар. Има освоено првенства со најдобрите тимови во првенствата каде што бил тренер (читај едни од најбогатите), и може да си дозволи да доведе било кој фудбалер во било кое време. Нека го повтори истиот успех со на пр. Њу Касл во Премиер Лигата, Лацио во Сериа А и Атлетико Мадрид во Примера и може слободно да биде прогласен за најдобар тренер на сите времиња.
А сега за кој е добар
САФ е историја, докажан секако (со неколку киксови низ времето), Гвардиола секако е класа и ќе има голема кариера, Хари Реднап е еден од подобрите но незнае да ги мотивира доволно или пак во погрешно време излегува со погрешна тактика..
За мене еден од подобрите е Хуанде Рамос, и впечаток ми остави кога го спаси Тотенхем од испаѓање пред 3-4 години (дојде на полусезоната, ги спаси и на крајот на сезоната си замина).