Ја проба ли некој RTM верзијата ? Доколку е заинтересиран некој преку ПП можам да му пратам проверен торент од моја страна. Јас искрено не сум импресиониран ни малку, а ќе објаснам и зошто.
#1: Исфрлено е Aero, како што го знаевме во Windows 7. Стилот е крстен Aero Lite, ама нема врска со стаклениот аеро ефект од претходните Windows верзии, туку изгледа како некоја тема од времето на Windows 98, на многу портали е спомнато дека полош дизајн ни дете не може да направи.
#2: Приказната со Metro UI (по ново Windows 8 Style) продлабочува, и сега не е можен директен линк до Desktop, туку мора прво да ви се појави Full Screen менито при стартап.
#3: Три верзии по ред не го сменија начинот на инсталација, а за да биде врв во оваа верзија и го уништиле, ставиле еднобојни позадини, да не речам како на XP текст модот станал.
#4: Internet Explorer 10 е интегриран длабоко во системот, и си има своја сопствена Full Screen апликација, за разлика од другите браузери кој во моментот се достапни како алтернатива. Стара политика на Microsoft, иако повеќепати се предупредувани и од Европската комисија и од поддржувачите на слободниот софтвер.
#5: Бут-лоадерот се однесува параноично и кон Windows верзии, односно ако паралелно инсталирате седмица и Windows 8, прво ќе ви стартува осмицата, па ако одберете Windows 7 дури после рестарт ќе дојдете до вашиот одбран оперативен систем.
#6: Десктоп гаџети веќе не постојат во оваа верзија или барем јас го добив тој впечаток, не ме држете за збор за ова не сум сигурен.
Ова се неколку од проблемите кои оваа верзија на Windows ги носи со себе, големо разочарување, а сум делумно сигурен дека истото го мислат повеќето од Desktop корисниците. Како и да е ќе видиме Microsoft со вакви експерименти што ќе направи со продажбата на овој OS...