Windows 8 - генерална дискусија

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
30
Скопје
Дали сте ја испробале бетата, или ќе ја чекате конечната верзија? Дали би останале на виндоус 7 поради тоа што 8-цата и нема некои големи измени, повеќето се ситни работи кои на повеќето корисници не им се ни важни (оние кои го користат компјутерот претежно за забава).
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
30
Скопје
Windows 8 Consumer Preview e достапен за симнување



Ако ве привлече целокупниот редизајн на Windows 8 , со новиот Metro изглед кој несомнено се стреми кон минималност и функционалност, тогаш почнете да ја симнувате ISO датотеката на Windows 8 Consumer Preview од тука.
Ако имате постара конфигурација и не сте сигурни дали вашиот компјутер ќе го издржи најновиот оперативен систем на Microsoft, тогаш симнете ја оваа мала апликација што ќе ви каже дали ќе можете да го разгледате Windows 8.
Од Microsoft објаснуваат дека ова е сè уште рана верзија на нивниот оперативен систем, и дека финалната верзија може да биде многу изменета. Минималната конфигурација што ви е потребна е процесор со барем 1ghz, еден гигабајт RAM меморија за 32-bit Windows 8, 16 гигабајти на вашиот hard disk и графичка карта компатибилна со DirectX 9.
Со тоа што ова е најнов оперативен систем на Microsoft, минималната конфигурација е доста скромна, што можеби се должи на минималниот кориснички интерфејс Metro кој не се занимава со толку визуелни ефекти и занимации, туку става акцент на ефективност.
Разгледајте ја новата верзија на Windows и коментирајте овде за вашето целокупно искуство.

Извор: it.com.mk

---

Што мислите за ова? Ќе го испробате ли? :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Windows 8 ќе има подобра поддршка

Се повеќе луѓе користат повеќе од еден монитор, вели Microsoft. Околу 13 отсто од декстоп, и околу 4,3 отсто од лаптоп корисниците користат два монитори, некои дури и три и четири.
Затоа, да им обезбеди поголеми можности, Microsoft во својот нов оперативен систем Windows 8 ќе обезбеди подобра поддршка за користење на повеќе монитори, вклучувајќи и избирање на најдобра слика на мониторите кои се со различна големина. Ќе има и опција за одредување на различни позадини за секој монитор, и опција да може да си ги подесите рабовите на мониторот, кои Microsoft ги нарекува „вистински агли“ за да може полесно да се движи глувчето меѓу мониторите со разни големини и позиции.
Можеби една од најкорисната новина ќе биде тоа што таскбарот ќе може биде прикажуван на сите екрани кои ги користите. Во моментов потребни ви е друг софтвер да го направите тоа, и опциите за делење на сликата се доста едноставни, имате опција за одбирање кој да е вториот монитор и дали да биде продолжување или копија на главниот.
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Windows 8 нема да биде тоа што сите мислат дека ќе биде.
Значи ќе биде едно срање само.
Како шо кажа Marick14
Епа со 98-цата ништо не направија, со Вистата ништо, а сега и со 8-цата нема ништо. Така иде, се преку еден. :rofl
 
  • Like
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Windows 8 е катастрофа, вели шефот на Valve

Новиот оперативен систем на Microsoft е катастрофа за дизајнерите на PC игри, вели шефот на Valve, Гејб Њувел, на конференцијата за видео игри Casual Connect во Сиетл.
Една негова критика се однесува на двојниот интерфејс на Windows 8. Новиот OС покрај стандардниот интерфејс има и втор, Metro кој е оптимизиран за таблет компјутери и апликации на цел екран кои се користат со допир.
Г. Њувел, кој 13 години работел за Microsoft, вели дека Valve ќе се фокусира на слободниот оперативен систем Linux. Веќе во тек се првите тестoви да се префрли гејминг платформата Steam на Linux. Преку Steam околу 40 милиони играчи можат да купуваат дигитални копии од игри, да добиваат попусти и да си ги зачувуваат достигнувањата во игрите. Во моментов само Left 4 Dead 2 е достапна за Linux, но г. Њувел се надева дека наскоро ќе има околу 2.500 игри.
Но, како што пишува ArsTechnica, најголем проблем за Valve може да биде Windows Store. Microsoft преку оваа продавница планира да продава софтвер во замена за 30 отсто од продажбата, и најверојатно ќе ја држи оваа продавница затворена и контролирана, или како што вели г. Њувел ќе го „затвори пристапот на конкурентите до платформата“.
Според него, Steam немаше да постои без PC-јата и нивната отвореност за други платформи. Но, со Windows Store програмерите ќе се фокусираат само на таа продавница, што ќе го намали интересот за Steam.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,685
3,863
1,183
Windows 8 нема да биде тоа што сите мислат дека ќе биде.
Значи ќе биде едно срање само.
Како шо кажа Marick14
Епа со 98-цата ништо не направија, со Вистата ништо, а сега и со 8-цата нема ништо. Така иде, се преку еден. :rofl
eхе .. скокна две верзии .. ќе ги пишувам со големи букви промашените верзии .. мада 98 за мене беше супер :)
windows 95, WINDOWS 98, Windows 2000, WINDOWS MILLENIUM, Windows XP, WINDOWS VISTA, Windows 7 :)
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
eхе .. скокна две верзии .. ќе ги пишувам со големи букви промашените верзии .. мада 98 за мене беше супер :)
windows 95, WINDOWS 98, Windows 2000, WINDOWS MILLENIUM, Windows XP, WINDOWS VISTA, Windows 7 :)
Јас ќе ти ги напишам сеа со големи букви промашените верзии xD
WINDOWS 95, WINDOWS 98, WiNdOwS 2000 (не е баш промашен добар е..), Windows MILENIUM, WiNdOwS ViStA (и вај не е баш промашен ама...), Windows XP, Windows 7, WINDOWS 8
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Абе сето е убаво со Метро интефејсот, ама требало да го стават опционално, практичен е за таблети ама за Desktop компјутери ама баш ич. Старт менито си е нешто на кое човек се навикнува со сет ум го тргнаа па и копчето го исфрлија а сега планирале и целосниот изворен код да го исфрлат за да не се враќа со хакови... патетики. Што се однесува до перформанси и можности се разбира дека ќе биде подобар, новиот таск менаџер, можноста за пауза при копирање, компатибилност со нов хардвер, безбедност итн... Сепак промашајот со Метрото некако ги засенува овие подобрени страни на самиот Windows, очекувам да е катастрофа во продажба за Desktop компјутери, ќе видиме дали ќе им тргне од рака...
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
Ја проба ли некој RTM верзијата ? Доколку е заинтересиран некој преку ПП можам да му пратам проверен торент од моја страна. Јас искрено не сум импресиониран ни малку, а ќе објаснам и зошто.

#1: Исфрлено е Aero, како што го знаевме во Windows 7. Стилот е крстен Aero Lite, ама нема врска со стаклениот аеро ефект од претходните Windows верзии, туку изгледа како некоја тема од времето на Windows 98, на многу портали е спомнато дека полош дизајн ни дете не може да направи.
#2: Приказната со Metro UI (по ново Windows 8 Style) продлабочува, и сега не е можен директен линк до Desktop, туку мора прво да ви се појави Full Screen менито при стартап.
#3: Три верзии по ред не го сменија начинот на инсталација, а за да биде врв во оваа верзија и го уништиле, ставиле еднобојни позадини, да не речам како на XP текст модот станал.
#4: Internet Explorer 10 е интегриран длабоко во системот, и си има своја сопствена Full Screen апликација, за разлика од другите браузери кој во моментот се достапни како алтернатива. Стара политика на Microsoft, иако повеќепати се предупредувани и од Европската комисија и од поддржувачите на слободниот софтвер.
#5: Бут-лоадерот се однесува параноично и кон Windows верзии, односно ако паралелно инсталирате седмица и Windows 8, прво ќе ви стартува осмицата, па ако одберете Windows 7 дури после рестарт ќе дојдете до вашиот одбран оперативен систем.
#6: Десктоп гаџети веќе не постојат во оваа верзија или барем јас го добив тој впечаток, не ме држете за збор за ова не сум сигурен.

Ова се неколку од проблемите кои оваа верзија на Windows ги носи со себе, големо разочарување, а сум делумно сигурен дека истото го мислат повеќето од Desktop корисниците. Како и да е ќе видиме Microsoft со вакви експерименти што ќе направи со продажбата на овој OS...