Архангел

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Видов дека немате тема за едни од најдобрите македонски музичари... срам да ви е на сите :)
инаку Архангел е македонска рок група основана во февруари1989 година. Основач на групата е Ристо Вртев, првиот вокалист на групата Мизар и поранешен член на Инола Икс. Во текот на својата кариера, рок бендот има издадено четири албуми, и се смета за една од најдобрите групи во Македонија во деведесетите години на минатиот век . Благодарејќи на претходната репутација наРисто Вртевкако еден од членовите на култниотМизаргрупата веднаш привлекла големо внимание во јавноста. Првите живи настапи на Архангел биле на најголемите рок фестивали вопоранешна Југославија, оној на Младинскиот фестивал воСуботицаво 1989 година и ЈУРМ. На фестивалот во Суботица е изведена малку поинаква верзија за песната "Архангел", а на тој настап бас-гитара свири покојниот член Дејан Аргировски - Ушко.
Во 1993 и 1994 година Архангел ги добиле наградите за најдобар жив настап. Во 1995 година единственото издание што Архангел го преработил било на Husker Du - класиката Never talkin to you againза што награда за најдобра песна и најдобар спот во 1995. Во ноември 2000 Lithium Records ги реиздала сите албуми на Архангел. Првиот и вториот албум за прв пат се појавиле на CD.
малку преземено од википедија..

Но она за што најмногу ми се допаѓаат архангел се текстојте на песните, преполни со толка љубов, радост омраза и болка во исто време.. Се чудам како Ристо успевал да го направи тоа.. едноставно брилијантни текстови, брилијантна музика и само мие криво што почесто не прават концерти , верувам дека ке бидам многу посетени... Инаку омилени ми се , заумна сила, нож, чудесен свет, рубин кармин , милион долари и уште мног удруги...
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
една од подобрите, заборави да ја споменам... и нешто да прашам знај некој кој е тој рубин кармин или некој измислен лик е?
Не си од Скопје нели? Рубин кармин не е лик туку беше и бил познат ланец на продавници за козметика на времето, а се наоѓа(ше) карши Путник (како што си кажува во песната), тоа е уствари у сред центар на рекорд, кај семафорите
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
абе за тој ланец продавници сум слушнал ама мислев да не е случајно некој таму лик... инаку има сега златари рубин кармин само не знам дали се дел од тој ланец..