Морален победник

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во некои сучаеви и не е битно дали си морален победник,ако веке си изгубил.

Еден пример ке наведам само и тоа потикната од она што вчера читав низ темата работно искуство.
Доколку двајца кандидати се борат за едно работно место а и двајцата се со соодветно високо образование.
Едниот се бори на чесен начин со работа и труд да го заслужи а другиот одбира некој сосема друг пат преку кој ке дојде до работното место.
На крај работното место го добива оној кој освен што газел по живи луге за да дојде до целта,истата ја постигнал и со други "нечесни" работи.Нечесни го ставам под наводници само заради тоа што ако една постапка за мене е нечесна,за некого можеби не претставува тоа.

Во овој случај за мене морален победник е првиот.Но работата сепак ја добил вториот.
Што добил првиот?
Си останал можеби без работа ама си останал и доследен на неговите принципи,кои за него остануваат вредни и понатаму во животот.А прилика за докажување ке има пак.За него би било џабе работното место,ако не го добие по пат како што тој сака да го добие.
Примеров е банален и кратко образложен,заради тоа што е во вовед на тема.


Постои ли морален победник?
Или вие едноставно некого прогласувате или за победник или за губитник,без средина?
На која основа се прогласува морален победник?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
И те како постои морален победник. Секогаш викам: "подобро ќе добијам 6ка, но на чесен начин, отколку 10ка на нечесен". За што и да станува збор, не би се стекнала со ништо на нечесен начин, не сакам да се осеќам прљаво. Многу мразам такви луѓе низ цел живот што поминуваат, мислам дека се повеќе се губи целта и потребата да се биде примерен човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Секој вика сака на чесен начин да заработи.
Но,кога гледаш како функционираат
работите и ти стануваш поинаков. Не,знам
кој би бил морален победник во овој случај.Едниот ќе
си ја зачува честа,но другиот ќе ги земи парите.А,од
честа не се јади.Не дека луѓето што имаат пари се среќни,но
се ценети па макар и да не ги сакаш,имаш корист од нив
се дружиш.А,има многу примери дека многу нечесни
луѓе станале нешто.
клик
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Победник си е победник и тоа е тоа.Ако се тече го правило и ако мажи она...најдобриот победува...тогаш најдобриот и ќе победи...тоа со морални понедници еден начин на оправдана утеха на губитниците...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Зависно колкав е залогот, ако можам да направам 100 000 000 евра на нечесен начин, заеби морал. А за ситни пари не се брукаме, срамота е.
Заеби срамота.Тукуу прашањето ми беше конкретно за морален победник,општо за моралот е друга работа.
Сеа постои за тебе морален победник или освен победник и лузер средина нема? :)
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Во овој случај за мене морален победник е првиот.Но работата сепак ја добил вториот.
Што добил првиот?
Си останал можеби без работа ама си останал и доследен на неговите принципи,кои за него остануваат вредни и понатаму во животот.А прилика за докажување ке има пак.За него би било џабе работното место,ако не го добие по пат како што тој сака да го добие.
Примеров е банален и кратко образложен,заради тоа што е во вовед на тема.


Постои ли морален победник?
Или вие едноставно некого прогласувате или за победник или за губитник,без средина?
На која основа се прогласува морален победник?
Има морален победник, тој ќе остане како таков, само ќе остане со празен џеб. Мада мислам дека ќе се осеќа како таков се додека не најде ново вработување и со тек на време ќе го заборави претходното искуство.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Секако дека постои морален победник, секогаш им симнувам капа на луѓето кои не ги згазиле своите принципи и ставови само за да се продадат за одредена сума на пари. Чист пример е работата за нобеловата награда за физика (не ме фаќајте за збор) која требала да им биде доделена на Томас Едисон и Никола Тесла. Овој првиот скоро целиот концепт го украл од Тесла и на крај пак добива награда. Никола на денот на доделувањето си седнал во парк и ги хранел гулаби, зашто не сакал да ја дели честа на заслугата со Едисон. Мислам дека тој е и првиот кој одбил да земе Нобелова награда. На крајот на краиштата човекот и неговите идеи се тие шо вредат, а не позицијата.

Лично јас си имам зададено некои морални принципи и се трудам да се држам до нив, било да се тоа за спортски натпревари или нешто друго. Сега за сега ми успева ама кој знае што се може да донесе животот, ако некогаш се свртам тотално на другата страна се плашам дури и да помислам на последиците кои можат да следат. Сепак убеден сум дека тоа не би се случило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and melpomena

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103

Ама баш така е. Колку и да мразам што е, вистинскиот победник е тој кој пишува историја, моралниот си останува со моралот само. Ако си морален победник може тоа да ти е како блага утеха на душата, да си речеш јас повеќе заслужив. Но вистината е дека поразот те боли и за најбанална работа. Во светот не се признава втор, не се признава блиску до, туку само прво место и освојување на целта.

И луѓето може да го ценат повеќе моралниот победник, но за услуга пак ќе појдат кај вистинскиот, зошто тој веќе ги има конците во рацете.

Темава е прекрасна и не е црно или бело, има многу да се дискутира затоа што има многу страни. Мојава ќе звучи како песимистичка, но не е. Чист денешен реализам е.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Не постои морален победник, ниту пак некоја средина, затоашто историјата го помни оној кој го освоил трофејот, а не методите користени при неговото освојување. Всушност единствено што има значење или вредност е трофејот.