Морален победник

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Се надевам ке ја разгледа и оваа тема модераторот.
И после никнувале сеирџиски теми,море ке никнат и 100 :kafe
Пак да напишам,не користам копчиња,месец дена да стојат офф топици,плус дел од нив и од модератор.
Не зборам конкретно само за оваа тема.

Saladin ме интересира твое размислување околу ова прашање?
Ке ме удостоиш? :) ...плус доста често спомуваш дека овде не дискутираме,па ајде да ги разбуричкаме спомнуваните филозофија,психологија.... кои ете и јас чекам понекогаш низ нив веке со месеци.
Чекај чекај и кога нема гости појде ја у чамчето и дводимензионалност. (hug)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еве еден субјективен одговор.

Отсекогаш сум ја застапувал (а со тоа и бранел) страната на моралниот победник. Затоа што знам дека добрите принципи на некпј начин го тераат човекот духовно да еволуира во општеството. Ако сите се повинуваме на инстинктот и одиме по линија на помал отпор, се случува деградација, на човекот како дел од истото општество при што се случува ланчена реакција и пропаст на истото. Ако рецимо сите се исотепаме за печеното месо, ќе нема кој на крајот да го донесе на трпеза. Алчноста/билдањето на егото се најголеми виновници за еволуирање на човекот во едно општество.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Изразот "морален победник" е инекција со самодовербин за оние кои ќе изгубат повеќе од што вложиле во одредено нешто. Апсолутно не го менува исходот,но и дава мотивација на личноста која се труди.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Моралот е столбот на мирна совест. Моралот значи доблест,истрајност, посветеност, верба и уште ред други и други придавки кои можам да ги наредам. Постои морален победник. Можеби се паметат имињата на така наречените победници како личности, но моралот се памти како поим, а во тоа е и неговата големина. Гледам да се надоградувам што повеќе на тоа поле. Сакам се што работам и правам да е резултат на мојот труд и на моето залагање. Моите успеси да се само мои, моите падови уште повеќе да се мои. Тие ме креираат која сум и што сум. Без маски и без туѓи перја. Која е поентата да легнеш во позлатен кревет кога од внатре обичното железо оксидира и 'рѓосува?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Убаво е да си ја тешиме и лечиме душичката после некој неуспех, дека сме морален победник...
Така ќе имаме помирна совест дека сме дале се’ од себе, сме сториле се’ што се барало од нас ама заради некои нечесни и префригани не сме дошле до победата, триумфот, сеедно.
Но, на материјален план не добиваме ништо, ни трофеј за на полица, ни работа, ни признание, ни што било...
И јас сум за таа варијанта, да си се бориме чесно, поштено за се’ во животот...
Ама после си го поставувам прашањето, па што имам јас на крајот од тоа чесното, поштеното?
Што добивам јас дека сум испаднала морален победник?
На крајот на краиштата сите ние се впуштаме во нешто со цел нешто да добиеме, да освоиме, да победиме...таа ни е првичната цел..
А ова морален победник ни’ доаѓа како утеха??