Неостварена љубов

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Сега може темава е малку смешна зошто ретко кој човек нема неостварена љубов.Дали сте имале некоја личност во животот што сте ја засакале многу а ви било страв да и кажете од тоа како ќе раегира и дека ќе ја изгубите.Опишете ,кога, како, кого.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
прво самиот автор на темата спомнува како увод дел од својата приказна
Ова е некое твое правило или?

А иначе има повеке видови неостварена љубов......поради повеке причини.
За да не отвараме за секоја приичина нова тема,не било лошо да се опфатат повеке работи во темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имам многу љубови , на поле кариера, хоби, семејство, живеалиште, патувања во Бразил, Индија, Египет, пиење коктел во Канкун, чување поларно мече како домашно милениче :):) парасејлинг , ролеркостер, и мнооооогу другии. Позитивна страна е што имам 21 година, млада сум, се надевам дека имам мнооогу години пред мене доволни за да не ми останат овие љубови неостварени. А на поле љубов како љубов , се надевам дека ми е остварена и доколку цената на оваа љубов е да не ми бидат остварени некои од другите љубови...прифаќам:) (барем сега за сега)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Штом е темата во овој подфорум се работи за неостварена љубов како љубов што би рекла ти. :)
И не постои човек кој во својот животен век нема да има неостварена љубов,само зависи од кои причини.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Баба ми има неостварена љубов , и цел живот ја гледам во очите дека пати и се прашува како би било кога би останала со тој човек. Таа е многу весела жена, но на темата љубов е тука не била најсреќна, и секогаш ми вели, само од љубов да се согласиш на живот со маж, ништо друго не е важно и вредно, туку само љубовта. Со дедо ми имале добар брак, се почитувале , но љубов која ќе ти го земе паметот, ќе те заслепи од страст и ќе те зароби и пресуди на доживотна казна со саканиот , тоа го немала. Се надевам дека во наредниот живот (со оглед на тоа што верувам во реинкарнација) ќе доживее огромна љубов во која ќе има време да ужива.
 
Амин :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Нема љубов ако нештото е неостварено.
Јас ако добро сум разбрала, темава е дали сме имале некој кој никогаш всушност сме го немале, а сме го посакувале.
Тоа не е љубов. Тоа е затресканост, тоа е филм, си правиш идеални сценарија во главата а вистината е дека може уште после првиот бакнеж човекот да ти се одмили.

Доколку станува збор за љубов која си ја имал, си ја изгубил и не си ја вратил никогаш веќе, тоа е тешко и болно и е сосема друга тема.

Но, како што спомна авторот, ако некој ти се допаѓал, па си се плашел да кажеш тогаш тоа е илузија, платонска љубов, не можеш да кажеш дека е љубов кога ни си се бакнал, ни си се гушнал со таа личност, ниту пак си имал врска која што е стабилна ако само се знаат целосно двајцата партнери. Љубовта иде подоцна во врската, на почетокот е допаѓање и затресканост.
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас сега на пример имам неостварена љубов. Страв ми е на типот да му кажам дека го свиѓам пошто знам дека ќе го загубам и повеќе нема да ми пишува на фејс, ниту па да ме рецка во чаршија.
Чаре?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: turop