^
^
Прифативме агресивна и брза игра во вториот дел од третата четвртина, се носевме кош за кош 3-4 минути... и толку!
Изгоревме, не сме ние за брза игра, особено не во спорт каде нападот си трае „фино-лепо“ 24 секунди; што, судијата и нив да не ќе ти ги скрати? Кога почнаа нашиве (да се обидуваат) да се над-трчуваат со Доминиканците, пред очи ми се појавија ракометарите на европското, во натпреварот против Данска. Кога водевме 6 разлика, и тие почнаа да играат брза игра, а ние прифативме. Се носевме 5-6 минути, и потоа предноста почна да се топи, замина во неповрат. Тоа, надополнето со изразената пристрасност на судијата, и што сакаш повеќе?
ПС. И да, факт е дека водевме
20 поени (
дваесет).