AKTA и поврзаноста со Македонија

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Видов дека на форумот сеуште нема област Интернет зато решив да ја отворам темата тука па потоа може да се префрли ко ке одлучат админите..
во продолжение тескто шо ми беше објавен на Таратур..

АКТА (ACTA – Anti Counterfeiting Trade Agreement) е меѓународен договор чии преговори се одвиваа(т) во тајност, и кој има наведена цел да се бори против нарушување на правата од интелектуална сопственост. АКТА е последниот од серијата документи (SOPA, PIPA) донесени во фокус во последниот период кои се воведуваат со „добронамерни“ цели за стимулација на економскиот развој и „заштита на авторите“ на интелектуалните творби, но во својата суштина е договор со сериозни недостатоци, кои намерно или не навлегуваат во и рушат низа човекови права и правни принципи.

Или народски кажано доколку АКТА биде ратификувана во Македонија ние како обични смртници нема да сме во можност да објавуваме песни и слики на Фејсбук без претходно плаќање на огромни суми на пари за авторски права, нема да можеме да објавуваме стихови од нашите омилени песни зашто со тоа ги повредуваме авторските права на текстописецот или пак сме прочитале некоја добра книга и некоја реченица ни оставила впечаток па сакаме да ја објавиме на Фејсбук, нема да можeме погодете зошто... да, така е ќе ги прекршиме авторските права на писателот...

Со донесување на овој закон ке исчезне бесплатното знаење на интернет сајтовите Википедија и куп други како неа, едноставно ќе бидеме вратени стотици години на назад и сите информации ќе доаѓаат од телевизиите кои сите знаеме колку се објективни и точни и исто така нема да бидиме во можност да пишуваме ништо на интернет, под услов се уште да постои интернетот после донесувањето на законот.

Исто така со АКТА се предвидува интернет провајдерите да чуваат историја на веб сајтови кои сме ги посетиле и доколку на некој начин прекршиме некое правило, имаат право да ни го запрат интернет пристапот и да не тужат.

За секое прекршување на законот АКТА се предвидени огромни санкции кои се движат од 5 години затвор па нагоре...

Сето ова го пишува во законот и доколку го прекршам ми следува казна..Но , тука се јавува едно друго прашање.. Кој ми гарантира дека владата која ке го спорведува законот во државата нема да го искористи за да ме замолчи зашто не се согласувам со некои нејзини постапки?

Oдговорот е НИКОЈ..

Никој жив на планетата Земја не може да ми го гарантира тоа. Сите ние граѓаните, интернет сајтовите , новинарите и блогерите, сите ние ќе бидеме во милост и немилост на владата, која во секој момент може да одлучи да не затвори сите затоа што ''кршиме'' нечии авторски права....

Нашата мила и незаборавна Европска Унија го поддржа овој закон и за да може да се ратификува во ЕУ (да стапи на сила) треба да биде одобрен од сите земји членки и потоа да биде ратификуван од Европскиот парламент.

Доколку биде ратификуван во Европскиот парламент , АКТА ќе почне да влијае и врз Македонија без да биде ратификуван кај нас. Тоа е затоа што во АКТА се предвидува прекршителите на законот да можат да бидат екстрадирани во земјите каде се наоѓаат седиштата на компаниите чии авторски права ги прекршиле, а ние автоматски мора да го почитуваме овој закон затоаште сме земја кандидат за влез во ЕУ и сите закони донесени од ЕП влијаат и врз нас..

Придружете се во борбатa против АКTA во фејсбук групатаhttp://www.facebook.com/groups/226087454143431/ (таму можете подобро да се информирате како можете да помогнете во борбата против АКТА во Македонија)

Рубин Јованоски
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Премногу прашина се дигна за ова...сите СОПА, АКТА, АКТА, СОПА, аман главата ми ја пукнавте -.-
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Некако кај нас слабо се дискутира за АКТА, но и на нас ќе влијае, ама кога ќе се освестиме касно ќе биде. Во другите држави има протести, праќаат имејл на нивните претставници во Европскиот парламент да гласаат против АКТА. СОПА и ПИПА се поништија или сум грешка.
Jackal фала за линкот за групата од ФБ.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
касј нас се работи на случајот. вчера имаше состанок на администраторите, денови ве ке се испраќаат псима до владат и министрествата, вчера имаше и текст во нова макеоднија така да се работи и касј нас..
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
2725375_700b.jpg

е вака ќе си шкрткаме по ѕидови 5 години.
А кога е гласањето за АКТА?
И еден ден кога ќе имаме деца или внуци ќе им кажуваме дека во наше време се можеше да симнеш/гледаш се од/на нет и да гледаш нешто што не се емитува кај нас на ТВ.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
2725375_700b.jpg

е вака ќе си шкрткаме по ѕидови 5 години.
А кога е гласањето за АКТА?
И еден ден кога ќе имаме деца или внуци ќе каќуваме дека во наше време се можеше да симнеш/гледаш се од/на нет и да гледаш нешто што не се емитува кај нас на ТВ.
еве се бориме баш за тоа да не дојди до гласање а ако дојди е тогаш тешко нас... ама мислам дека сепак ке издвојуваме победа над акта зашто голем број на влијателни држави веке ја одложија ратификацијат на акта..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Кај тоа повеќето македонци не се запознати со ова, некои од тие што знаат не го сфаќаат сериозно што е лошо многу. Да се надеваме дека ќе падне законот оти отидовме јабана. Ги поддржувам секаквите кампањи околу ова, се приклучив и во групата која е поставена во првиот пост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma