Баш вчера го гледав Мисија Лондон и не ми беше многу смешен освен тоа кога ги фатија лебедите и викаа дека лебедите ги изеле патките и кога оние двајцата бегаа од домот на старецот, па помислија дека ги мава полиција. Освен тие сцени, ништо не ми беше интересно. Кад пораснем бичу кенгур е интересен го имам гледано пред година или 2, Ко то тамо пјева е најјак, колку само се смеев на тој филм, исто и на Викенд на Мртовци и Жикина Династија. Треба да го погледнам Ми ни смо анџели, сите го препорачуваат како одлична комедија.Mousehunt - постара, но интересна комедија.
Гледам многу малку имате спомнано за балканските комедии, а според мене од балкански хумор подобро здравје. Еве неколку кои вредат да се погледнат: Кад пораснем бичу кенгур, Ми нисмо анџели, Mission London, Ко то тамо пјева, Викенд на мртовци, Муње, Жикина династија, Чекај ме, ја сигурно нечу дочи(-повеќе е драма, ама има доста комични моменти) итн...

дајте предлог за некоја добра комедија![]()
фалааа!
). Едниот од нив има телескоп (Шин) и ги набљудува соседите и еден ден ќе види како еден маж се расправа со една жена во спротивната зграда и ќе го погоди мажот со воздушна пушка во газот. Утрината го пронаоѓа во една канта истиот тој човек мртов... Доколку сте го гледале Weekend at Bernie's и ви се допаднал, тогаш задолжително погледнете го и ова филмче.