Европско Првенство Кошарка - Словенија 2013

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
pictures%5CTB_events%5C1%5C2012%5Ceurobasket_logo_02_424858.jpg

Бидејќи се наближува европското кое ќе се игра во Словенија од 4ти до 22ри септември,мислам дека е добро да има тема на која ќе се дискутира во врска со првенството.
Актуелен европски шампион е Шпанија која оваа година иако ослабена повторно е фаворит за првото место.
Нашата репрезентација се наоѓа во групата Б што според мене е супер бидејќи ако ја поминеме групата ќе вкрстуваме со групата А која е најслаба.
За Шпанија како што реков ќе биде ослабена бидејќи нема да играат Наваро,Гасол и Ибака,а можно е и Рејес да не им игра,но си имаат они и други добри кошаркари и затоа се повторно фаворити.
Франција која на претходното првенство беше втора на ова тешко дека ќе го повтори тоа затоа што и тие ќе бидат ослабени.Нема да им играат Паркер и Ноа а мислам дека и Батум нема да им игра што значи Франција нема да биде јака како во Литванија.
И Русија ќе биде ослабена на ова европско бидејќи нема да играат Кириленко и Кријапа,а за другите мислам дека сите ќе играат.
Ние играме скоро со истиот состав освен Гечевски кој нема шанси да игра иако се прават напори да се врати.На негово место ќе се бира помеѓу Брчков и Штерјов затоа што Николовски е повреден и пак нема да игра исто и Трајковски е повреден.Значи најслаби ќе сме под кошевите затоа што освен Антич немаме асален центар,на другите позиции сме супер.
Од нашата група Црна Гора ќе игра без Пекович што значи ќе имаме шанса против нив бидејќи и тие ќе се ослабени на центарската позиција,а на другите позиции немаат баш добри играчи.
За разлика од нив Босна ќе игра со најдобриот состав и ќе биде тежок противник за сите.Го имаат Телетович кој игра во НБА и на другите позиции имаат добри играчи.
Летонија е најслабата репрезентација од нашата група така да против нив мислам нема да имаме некој голем проблем.
За другите репрезентации немам многу информации освен за Словенија и Турција кои ќе играат со најдобрите состави и според мене една од овие репрезентации ќе освои медал.
Тоа е тоа останува да почекаме 24 дена и да видиме дали ќе се повтори историското 4то место од Литванија,за крај ова се групите.

Група А: Украина,Велика Британија,Франција,Белгија,Германија и Израел.
Група Б: Македонија,Србија,Црна Гора,Босна и Херцеговина,Летонија и Литванија.
Група Ц: Словенија,Полска,Шпанија,Хрватска,Чешка и Грузија.
Група Д: Турција,Грција,Финска,Русија,Италија и Шведска.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Selma

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Фина темава, ама немаш лајк од мене зашто прогнозираш дека Словенија или Турција ќе бидат победници. Според мене врвот пак ќе го држат Шпанија, Франција, Русија и евентуално Германија. Тие можат добро да играат и без Паркер, Гасол, Новицки и Кириленко и пак да освојат некој медал.
Ја би рекол дека најслаба група е нашата. Во сите други групи има барем две селекции кои што имаат врвна кошарка. Тоа се: Франција и Германија во група А, Шпанија и Хрватска во група Ц, Грција и Русија во група Д, додека кај нас единствено е Литванија. Имаме шанса за второто место во групата и пласман понатаму, па ќе видиме што ќе направат нашите, како ќе се подготват и како ќе одиграат.
Кажав претходно во темата за кошарка дека според мене Летонија ќе има доста солиден тим и ќе направи изненадување како ние што направивме во Литванија. Ако не направат сега, идното првенство гарант земаат медал.
Прогнозирам пораз од Црна Гора и Литванија, победа над Србија и БиХ, со Летонија ќе биде изедначена битката.
 
Не реков дека Словенија или Турција ќе бидат победници туку дека можно е да освојат медал,што значи може и 3то место да бидат.Од каде иначе Германија во врвот,за нив сум сигурен дека ако ја поминат групата одма ќе изгубат.
Со Летонија сигурно нема да е изедначена битката зашто лесно ќе ги победиме,а и Црна Гора не се толку јаки така да не знам зашто да изгубиме од нив,ќе ни треба само добра одбрана и повеќе игра под кош зашто они се послаби од нас на центар.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Едвај чекам да почни ќе биди доста интересно првенство
тие шо мислам дека ќе одат понатаму се
Гр.1 - Франција, Германија и Израел
Гр.2 - Македонија, Литванија и Србија
Гр.3 - Шпанија, Словенија и Хрватска
Гр.4 - Русија, нашиот јужен сосед и Финска
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ку Рајбер

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Састав на Србију:
Милош Теодосиќ, Немања Крстиќ, Немага Дангубиќ, Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица, Стефан Марковиќ, Лука Митровиќ, Владимир Лучиќ, Ненад Крстиќ, Данило Анџушиќ, Рашко Катиќ, Владимир Штимац, Василије Мичиќ, Немања Недовиќ, Ѓорѓе Гагиќ, Никола Калиниќ и трењер ке ги е Душан Ивковиќ.

Лани што су играле играчи, а сг нема да играв:
Миленко Тепиќ, Александар Рашиќ, Иван Пауниќ, Миле Илиќ, Душко Савановиќ, Марко Кешељ, Зоран Ерчег, Милан Мачван.

Мене лично повише ми се свиѓа састав од лани, ама они немогасва да направив много па ке видимо овуј годину што ке направив. Ако играв убаво имав големи шансе и у први 4-5 места да улегнев, ако не и медаљу да земев. Ја да сам трењер јоште Савановиќа би га додаја у репрезентацију за 2013 годину зашто дечко си е ѕвер. Овуј годину имав и доста млади играчи што не су по много јаки европски клубови и ке имав шансу да се покажев и да отидев у појак клуб. Имав и постари искусни да гу носив репрезентацију на рамења.

На 6 септември конечно ке се судрив Србија и Македонија. Кој сака да си пројде најубаво тј дн нека дојде у Куманово !
 
Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
41
Гевгелија

И сеа шо? Повеќе мислам дека треба за Македонската репрезентација да се збори,ама ај,ти си знаеш.Иначе,големи се шансите во полуфинале Србите да играат,ама исто и ние ;)
 
Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
И сеа шо? Повеќе мислам дека треба за Македонската репрезентација да се збори,ама ај,ти си знаеш.Иначе,големи се шансите во полуфинале Србите да играат,ама исто и ние ;)

Па у вовед а и мислења погоре не виде нигде да се спомне и ја знаеше и напиша чисто информативно. И коментирам дека не треба да се потценуев иако лани имасва слаб резултат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maarrkooo