,,Zero waste'' животен стил

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Ааа најпрво ќе треба јас да го применувам начинот,извесен период,па да се расфрлам со апелот до моите блиски,па да ја прошириме мрежата:).
Треба да го видат благодетот на чистата средина,за да ги заинтересира и нив.
Страв ми е некој да не не направат нетокму,бог да чува и тоа може да се случи:D.
(Се извинувам на мојата мала несериозност)

За да се применува начинот,потребен е цврст режим,како оние во северна кореја,кога ќе им се заканува бесење,линчување или кастрација за непочитување на законот,тогаш ќе се прашаме дали ќе успееме со остварувањето или не:).
Па секој си има свои приоритети. Ако мислиш дека е побитно што ке кажат другите одколку тоа да живееш во еколошки чиста околина тогаш ок и ако мислиш дека ти е отребен закон и ригорозни казни за да почнеш да се грижиш за својата околина, тогаш пак ок
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Saladin

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Околу законите и споредбата со северна кореја, кажав чисто да се приближам кон мојата искена мисла.Зборам за нашиот менталитет во глобална смисла на балканот.Но без строг режим,никогаш не би успеало тоа,ако се придржуваш кон чистата средина,тие околу тебе валкаат,или едноставно не се придржуват,ти што ќе правиш,ќе продолжиш ли понатаму,или?
Можеби ти ќе продолжиш,но некои лесно ќе се откажат,верувај дека не се сите со иста лојална и искрена желба за таа навика.Едноставно ќе се откаже од проста причина што нема навика да живаа на тој начин.Затоа ја спомнав раната едукација!За мене колај работа:)!
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ние сме единствениот фактор кој може да влијае, верувај дека и еден човек може да направи голема промена. Ако се осеќаат последиците од ѓубрето што го фрламе, ке се осетат последиците и обратно.
Моментално живеам во село кое брои околу 300 жители (најверојатно помалку) и тука верувај еколошката свест е на најниско можно ниво. Во селото нема контејнери, никој не ги чисти улиците и а отпадоците се фрлаат во реките. Пред мојата куќа тече поток кој некогаш било река од чиј извор селаните полнеле вода од како било населено местото. Денес тој поток има повеке ѓубре одколку вода и изворот е загаден, не само што не е безбедна водата за пиење, туку не е безбедно и да се поминува покрај неа. Тоа не е еднинствен пример на загаден извор во околинава, моментално само планинските извори се сигурни и еден кој што е на крајот од селото, но и тој ке се загади со оглед на тоа дека во близина се прави уште една депонија. Значи помалку од 300 жители за неколку години загадиле повеке извори на чиста пивка вода. Водата од тој извор била чиста за пиење пред околу 15 години, а денес е смртно опасна. Ако за 15 години 300 луѓе успеале да направат ваква еколошка катастрофа, тогаш за истиот тој период, таа бројка на луѓе може и да го направи обратното.

Секако дека не може без ѓубре, ама може да се сведе на минимум и доколку се укине употребата на пластиката (онаа пластика која што е за една употреба и не може да се рециклира) тогаш како отпад останува само остатоците од храна кои можат да се компостираат, хартија текстилен отпад и сл. кое што може да се рециклира.
Значи вака. За да успее ова треба да имаш нормален народ кој се грижи за екологијата, овде тоа го немаш. Значи од старт губиш.
Друго, не може да очекуваш од некој ако почне вака да прави ко што предлагаш да продолжи и понатаму, некогаш ќе му здосади и ќе си рече абе ај не сум будала. И тука губиш.
Трето, животот во село е супер, сум живеел и јас долго време, зависи какви се луѓето, јас на пример живеев во чиста средина. И значи пак доаѓаме до тоа дека нема никој да ти го слушне предупредувањето бидејќи не им е гајле за екологија. Секако губиш, или подобро кажано сите губиме, кога тогаш ќе и се смачи и на Земјата да не трпи.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143

Не треба да велиш дека секако губи. Ако живееш на начин на кој што сите живееме во моментот (99%) тогаш секако губиш. Доколку таа го променила начинот на живот, иако никој не и го копира и применува, тогаш таа добива, додека сите други пак губат. Просто и едноставно. Доколку сите го прифатат тој начин на живот тогаш покрај ние луѓето што ке имаме големи придобивки, туку и природата. Почисти води, дрвја на секаде, повторно ке си се вратат годишните времиња (зима немаме осетено 10 години), животните конечно ке живнат и тако даље.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Ааа најпрво ќе треба јас да го применувам начинот,извесен период,па да се расфрлам со апелот до моите блиски,па да ја прошириме мрежата:).
Треба да го видат благодетот на чистата средина,за да ги заинтересира и нив.

Страв ми е некој да не не направат нетокму,бог да чува и тоа може да се случи:D.
(Се извинувам на мојата мала несериозност)

За да се применува начинот,потребен е цврст режим,како оние во северна кореја,кога ќе им се заканува бесење,линчување или кастрација за непочитување на законот,тогаш ќе се прашаме дали ќе успееме со остварувањето или не:).

Па не гледам потреба да бидеш пример за твоите другари или фамилија за и они да почнат така да живеат. Еве @malo кажа дека била инспирирана од девојката на видеото, така да веќе има луѓе кои успеале и се примери, така да само споделувај го видеото и тоа е тоа, во меѓувреме ти насочувај се кон тој начин на живот.
Ова е толку едноставно и немаш потреба да бараш решение во влада и тн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не треба да велиш дека секако губи. Ако живееш на начин на кој што сите живееме во моментот (99%) тогаш секако губиш. Доколку таа го променила начинот на живот, иако никој не и го копира и применува, тогаш таа добива, додека сите други пак губат. Просто и едноставно. Доколку сите го прифатат тој начин на живот тогаш покрај ние луѓето што ке имаме големи придобивки, туку и природата. Почисти води, дрвја на секаде, повторно ке си се вратат годишните времиња (зима немаме осетено 10 години), животните конечно ке живнат и тако даље.
Значи секако губи. Што ако таа го сменила начинот на живот кога никој друг не ја следи? Кој губи тука? Тој што е еден или повеќето?
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@Altaïr Не е загуба ако го правиш она што го сакаш и она во што веруваш. Загуба е ако го трошиш времето и трудот на нешта за кои знаеш дека не се добри ниту за тебе, ниту за другите.
Без разлика на тоа дали нешто ке променам во светот или не, никогаш нема да бидам во загуба со ваквиот начин на живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Altaïr Не е загуба ако го правиш она што го сакаш и она во што веруваш. Загуба е ако го трошиш времето и трудот на нешта за кои знаеш дека не се добри ниту за тебе, ниту за другите.
Без разлика на тоа дали нешто ке променам во светот или не, никогаш нема да бидам во загуба со ваквиот начин на живот.
Амa финтaтa е дa јa нaпрaвиме Земјaтa пoдoбрo местo зa живеење нели?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Околу законите и споредбата со северна кореја, кажав чисто да се приближам кон мојата искена мисла.Зборам за нашиот менталитет во глобална смисла на балканот.Но без строг режим,никогаш не би успеало тоа,ако се придржуваш кон чистата средина,тие околу тебе валкаат,или едноставно не се придржуват,ти што ќе правиш,ќе продолжиш ли понатаму,или?
Можеби ти ќе продолжиш,но некои лесно ќе се откажат,верувај дека не се сите со иста лојална и искрена желба за таа навика.Едноставно ќе се откаже од проста причина што нема навика да живаа на тој начин.Затоа ја спомнав раната едукација!За мене колај работа:)!

Тоа е тоа, постојат ликови, како цитираниот партиски бот кои не можат да замислат ништо што не е иницирано од режим, од драгиот водач, од фирерот, од дуче или било каков насилен авторитет. Освен можеби автономните функции на организамот иако и тоа е прашање, дали на пример постојат ботови кои ако лидерот им нареди - би задржувале здив три минути?!

Инаку идејата е добра, сега називот нула отпад е малку претеран, но да речеме 3/4 да се употребува би било одлично. За органскиот отпад секако има многу начини да биде употребен а неорганскиот, делумно може да се употреби за друга намена, делумно да се рециклира.
Огромните тревишта, трње и корови кои летно време може да се пројдат со коса и да се исушат, сомелат, измешаат со вода и потоа пресоваат со помош на едноставна направа - би биле одличен извор на огревен материјал, посебно во комбинација со извесна печка која го согорува и чадот покрај самото гориво (чадот е феноменално гориво инаку, спротивно од вековната мудрос` на рајата) со што се троши многу помалку за да се добие иста топлина. Истата печка може да загрева и вода во помала изведба.
Можноста за алкохол (етанол) добиен од разни растенија кои ферментираат кој подоцна се употребува како гориво за готвење, слично како плинот не е за занемарување.

Друго, разбирлива ми е мотивацијата `за другите` и порано и јас би пишувал нешто во таа смисла но денес и не баш, настрана од самиот себе и луѓе кои нешто ми значат не гледам понатаму и навивам за реинкарнација на Пол Пот.
Планетата како таква нема гајле, ене ја Венера со отровни гасови, притисок, температури, тешки киселини буквално паѓале од небото и шо и фали? Си се врти и таа околу сонцето :p
Екосферата е веќе, друга ствар :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo