Upwork

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Здраво,
Ме интересира дали некој има искуство со Upwork и ако да, каков тип на работа сте извршувале? :)
 
ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Имаме искуство, сме извршувале секакви задачи, фала на прашање... Нешто друго? Поконкретно?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мене Апворк ми се допаѓа како платформа на која може да заработиш фина пара ако доволно ѝ се посветиш.
Со сајтот се сретнав сосема случајно, некаде 2014-2015, кога појдов да работам кај еден дечко и мислев којзнае што е. Ми беше кажано дека се работи во канцеларија и постојано си во контакт со странски клиенти, па затоа бараа некој што одлично знае англиски.
Кога појдов, канцеларијата беше нешто што порано било локална продавничка на неговите, а клиентите беа на Апворк и единствена комуникација беше на платформата пред да се почне проектот и неделни извештаи за тоа како напредува работата. :zelen :zelen :zelen За три месеци таму, само еднаш се слушнав со клиент преку Скајп накратко и толку беше. Како и да е, благодарна сум за искуството бидејќи научив како да бирам и дојдам до работа за себе.
Новиов профил не ми е разработен, но со другарка решивме да ги активираме деновиве. Веќе се логиравме и сменивме слики, значи првиот чекор е почнат. :D

Работи има премногу. Од софтвер и вебсајт девелопер, тестер, преку виртуелен асистент, цртач, аудио и видео едитор, рецензии на книги, гоустврајтинг, превод и пишување, војсоувер... памтам имав и некој проект да проверувам и кратам цитати да ги собере на маица, а убедливо со најголем пресврт беше понуда за кол центар, што всушност испадна дека е хотлајн. Ама добро па, нивно е да си понудат. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crewnew

crewnew

Нов член
12 ноември 2020
13
5
3
40
Битола
crewnew.com

Добра платформа за работа на кратки, но и подолги проекти...како дел од мојата работа исто така го користам во потрага на супер програмери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што е работава со Апворк што има толку огласи дека бараат работодавци?
Изгледа се преполнија со луѓе од Бангладеш и Индија што сработија и што бива и што не бива за џабе пари, па сега имаат повеќе фриленсери од работодавци.
Не сум се вклучила одамна да видам што има, но рекламиве некако зборат за себе.
Иначе беше (може уште е) фино местенце за заработка. Луѓе буквално станови и коли изнакупија.
 
Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Здраво! Баш ме интересира искуства од UpWork и како оди постапката, гледам дека треба да имaш Payoneer картичка. Безбедна е?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Здраво! Баш ме интересира искуства од UpWork и како оди постапката, гледам дека треба да имaш Payoneer картичка. Безбедна е?
Да. Пејонир картичката е најдобра опција ко за македонски фриленсер. Стига отприлика за 7-10 дена од Лондон (сега со ковидов или измените може и повеќе, не знам, ова зборам за 2015).
За искуство... па, сечие е различно. Многумина влегуваат на сајтот мислејќи дека веднаш ќе почнат да прават големи пари, па брзо се разочаруваат и баталуваат.
Јас би ти препорачала да почнеш со некој мал таск од 10-ина долари колку да добиеш 5 ѕвездички. Така 2-3 пати и ќе почнат понуди и сами да идат за поголеми суми, а и ти ќе имаш основа да си ја ставиш цената од саат што сакаш да ја ставиш (нели, во зависност од услугите што ги нудиш).
Мојот прв таск беше копи-пејст на коментар да направам што ми го пратија веќе напишан За тоа добив 5 долари и 5 ѕвездички. :zelen Како и да е, после веднаш стануваш повидлив за клиентите, работата е само еден да ти даде шанса.
Одамна веќе не работам на сајтот, знам чат-пат да ѕирнам што има, но уште сметам дека е можеби и најдобрата платформа за заработка од дома ако немаш своја мрежа.
Со среќа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Здраво! Баш ме интересира искуства од UpWork и како оди постапката, гледам дека треба да имaш Payoneer картичка. Безбедна е?
UpWork нуди и други можности за да си ги повлечиш парите како на пример во банка и да си ги подигиш на шалтер. Инаќе сите ја користат Пајонир поради тоа што е поедноставна, ја користиш како обична картичка и можиш да повлекуваш пари од било кој банкомат во светов со помала провизија.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
UpWork нуди и други можности за да си ги повлечиш парите како на пример во банка и да си ги подигиш на шалтер. Инаќе сите ја користат Пајонир поради тоа што е поедноставна, ја користиш како обична картичка и можиш да повлекуваш пари од било кој банкомат во светов со помала провизија.
Само што во никој случај не би препорачала банка. Кај имаат ужасни провизии, па уште и 10% треба да плаќаш во УЈП и за мене остануваше некоја смешна сума, а иди не плати, па ако те фатат случајно... (worried)
 
ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Само што во никој случај не би препорачала банка. Кај имаат ужасни провизии, па уште и 10% треба да плаќаш во УЈП и за мене остануваше некоја смешна сума, а иди не плати, па ако те фатат случајно... (worried)
И јас не препорачувам тоа. Еве веќе 4 години сум таму и само Пајонир, ама малце почнува да ме плашат и тие со новиве правила, ко да сакаат да отвараат сметки за сите корисници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra