Ultimate Survival

Дали сцените од оваа емисија се вистински?

  • Да

    Гласови: 12 66.7%
  • Не

    Гласови: 6 33.3%

  • Вкупно гласале
    18

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Сигурно повеќето од овој форум ја имаат гледано една од најдобрите емисии Ultimate Survival што значи Вистинско преживување.
Оваа емиси ја води Bear Grylls кој прави „неверојатни нешта„ и преживеува насекаде низ светот, не учи како да преживееме доколку се најдеме во таква средина.

Емисијата се емитува на Discovery и ја емитуваат наутро кај 10 и навечер кај 18:30. Секој работен ден од Понеделник до петок. Инаку, премиерата е секој ден од 18:30, а репризата утредента од 10:00.

За тие што не ја гледале оваа емисија, ви препорачувам да ја гледате.

Ultimate+Survival.png
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Па вистинити се, како што можеш да видиш. :D

Да, добива помош. Претпоставувам добива постојана помош околу ориентацијата, околу "вистинските" ризици односно да не загине, околу храната и слично. Но, сепак прави неверојатни работи (влезе во антартичка вода, го избодеа афрички пчели на лицето, пиеше мочка, итн). Некои се болни, некои се гадни, некои воодушевуваат до тој степен што ќе останеш со подотворена уста.

Во секој случај, емисијата е неверојатно информативна и интересна.
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Добро утро со емисијава... веќе 3 години се емитуват пријателе...

Овај Беар Грилс, имат екипа со него.. камерман (паралелен) што нонстоп е до него, и плус уште минимум 2ца, кои се тука за екстра помош од било каков вид.
СЦЕНИТЕ што ги снима се РЕАЛНИ, но претходно теренот е истражен, не е се изненадно (како што изгледа на емисијата)... Дупките, пештерите, глечерите, реките... итн итн.. кај што се пика овај Беар.. се претходно анализирани и проверени..
Во случај на незгода, има прва помош, и стенд бај воздушна подршка.
Човекот стварно има искуство и познавање на сите бејзик вештини поврзани со преживување во различни предели на планетава, но секако дека тоа не го прави сам.
Има и друга емисија од исти ваков вид... Дуал Срвајвл... со онај бос шо шетат и другарму. Продукцијата е иста, со поголема екипа и тим за прва помош.
После имаш уште една подполно иста емисија, со маж и жена... и нивните техники за преживување.

Најреално што имам гледано, е АЛОУН ИН ВАЈЛД ... и само таа емисија е РИАЛ ТАЈМ, односно човекот сам се снима, сам се снаоѓа, на него е оставено колку време ке седи в шума (Канадска територија)...
Како помош нема тим, туку сачмарка и поголема количина ориз.
Првиот пат в шума беше 6 дена, а потоа проба да биде 6 месеци...
Ги гледав емисиите, и таму реално се гледа што значи да преживуваш САМ в шума.. Човекот беше нонстоп под стрес дан го нападни Урса Вориор (иначе херој од дота - МЕчка со глеми канџи :D) .. Јадеше и ловеше све живо и диво..
Најголем проблем имаше со монотонијата и самотијата.. Често пати плачеше на камера.

Во секој случај, и во сите емисии има што да се научи.. зачинети се со адреналин и богатсво на информации.. Во случај да се најдам јас во таква ситуација, прво што ќе напрам е ОДМА ќе станам од спиење и лошиот сон:rofl.. односно, нема шанси да дозволам да ми се десит ТО. хехаехахехахеа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, The Tramp and Foxboro

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Интересна документарка. Имам гледано 10-тина епизоди и како што кажа близнакот погоре се е однапред истражено, си има своја екипа со себе, и прикажува доста интересни начини за преживување доколку се пронајдете на такви терени. Од тоа како да запалите оган без запалки, да направите замки за ловење на диви животни, пронаоѓање добри места за спиење без да имаш опасност од напад на диви животни... Оцена 10/10. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да ми се допаѓа документарецот Man vs Wild има што да научиш ....сеа вистински или не еве има погоре објанувања како се прават ...но корисно е да знаеш некои работи ....еве пример еднаш бевме на логорување и сакавме да си свариме кафе. Тогаш се сетив дека Беар во самото огниште на среде забоде четири сурови дрвца исправени , па така и јас убаво ги зацврстив и излезе подлога за кај да си го стаиш ѓезвето за кафе....шо значи има и домаќински совети:kafe...:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and The Tramp

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Го обожаавам Беар Грилс .. и секако неговата реална емисија Ултимајт Срвајвр.. Човекот си авантурист и полн со адреналин и не е секој надарен за тоа што онго прави .. а човек може многу нешта да научи од емисијава иако повекето се чоек да не покушава сам да ги прави...(star)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Има ситни ствари што некад (ако ве носи патот на повеќе дена акање низ планини) може да се најдат. Иначе ликов е поранешен припадник на САС, така да си имаат тие соодветна обука за тоа, не се за џабе елитна единица. Малце оф топик, ми улета прирачник на US Army за преживување во секакви услови (околу 250стр.), почнувајќи од најминимална опрема до преживување буквално без никакви стандардни “реквизити“ како прва помош, нож, игла, кибрит и слично. Се чудев колку многу сличности има меѓу тоа и ова што го гледаме на телевизија не само Ultimate Survival, туку и Man VS Wild и сите такви слични емисии.
 

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Човеков е извонреден.Му симнувам капа.Од него навистина може да се научат доста работа ама нема кој да памти.Не знам уште во кој дел од полутопкава нема отидено.Има сцени коишто ги гледав и се згрозував (puke) јадеше тестиси од коза ли јарец ли не знам точно што беше,си ја пиеше урината :x
ама кога ќе подразмислам и г***а ќе пројадеш само за да преживееш.Но во Аљаска мислам дека се повреди скрши нога а камерманот нос..страшно.

П.С. Не знам каде точно читав негово интервју во врска со идејата и мотивот да направи сопстевно реално шоу пишуваше дека бил во специјална единица или нешто во војска ама не нешто обично нешто многу многу повисоко со претерано многу знаења од многу области и аплицирал да влезе во армија мислам дека беше да не ве лажам но не го примиле со изговор дека не бил доволно спремен а примиле некој друг со помал просек од неговиот и се решил да го направи реалното шоу да докаже дека е навистина спремен :)