Истражувањата на австралиски стручњаци од Универзитетот Монаш од Мелбурн покажуваат дека секојдневното консумирање на темно чоколадо е многу корисно за луѓето кои имаат зголемен кардиоваскуларен ризик. Имено, неговото консумирање спречува срцев и мозочен удар. Ова истражување е спроведено врз примерок од повеќе од 2000 австралијци, кои секој ден консумирале по 100g чоколадо кое содржи 70% или повеќе проценти какао. Лидерот на ова истражување, Ела Зомер, вели дека темното чоколадо може да биде алтернатива на терапијата со лекови кај луѓето кои имаат зголемен кардиоваскуларен ризик, но исто така може да се консумира заедно со лековите. Кардиоваскуларниот ризик е прилично голем кај луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, холестерол или прекумерна телесна тежина. Чоколадото кое има висок процент на какао, содржи антиоксиданси полифеноли, кои помагаат во ширење на крвните садови, со што се намалува крвниот притисок и се подобрува протокот на крв. На забелешките на некои експерти дека препорачаната дневна доза на чоколадо доведува до зголемување на телесната тежина, која е ризичен фактор за кардиоваскуларни болести, Крис Радон (учесник во студијата) вели дека напоредно со консумирањето чоколадо треба да се води здрав начин на исхрана и живот, вклучувајќи и зголемена физичка активност. Според Светската здравствена организација (СЗО) кардиоваскуларните болести, со учество од 30% се водечка причина за смртност кај луѓето.