1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Teмното чоколадо го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од Scars, 8 јуни 2012.

  1. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Истражувањата на австралиски стручњаци од Универзитетот Монаш од Мелбурн покажуваат дека секојдневното консумирање на темно чоколадо е многу корисно за луѓето кои имаат зголемен кардиоваскуларен ризик. Имено, неговото консумирање спречува срцев и мозочен удар. Ова истражување е спроведено врз примерок од повеќе од 2000 австралијци, кои секој ден консумирале по 100g чоколадо кое содржи 70% или повеќе проценти какао. Лидерот на ова истражување, Ела Зомер, вели дека темното чоколадо може да биде алтернатива на терапијата со лекови кај луѓето кои имаат зголемен кардиоваскуларен ризик, но исто така може да се консумира заедно со лековите. Кардиоваскуларниот ризик е прилично голем кај луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, холестерол или прекумерна телесна тежина. Чоколадото кое има висок процент на какао, содржи антиоксиданси полифеноли, кои помагаат во ширење на крвните садови, со што се намалува крвниот притисок и се подобрува протокот на крв. На забелешките на некои експерти дека препорачаната дневна доза на чоколадо доведува до зголемување на телесната тежина, која е ризичен фактор за кардиоваскуларни болести, Крис Радон (учесник во студијата) вели дека напоредно со консумирањето чоколадо треба да се води здрав начин на исхрана и живот, вклучувајќи и зголемена физичка активност. Според Светската здравствена организација (СЗО) кардиоваскуларните болести, со учество од 30% се водечка причина за смртност кај луѓето.

    [​IMG]
     
    На Gemini му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mitre na Lenka

    Mitre na Lenka Полноправен Член

    Зачленет на:
    5 јуни 2012
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    28
    изгледа баш поради тоа и е скапо тоа цхоколадо.
     
  3. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Чекајте утре ќе кажат е штетно. :D
     
  4. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Колку сака нека е здраво, јас тоа во уста не го ставам. (puke)
     

Сподели: