Еден од моите најомилени бендови. Иако повеќе ми се допаѓаат старите RHCP, новите воопшто не се лоши, но ми недостасува John Frusciante и според мене на него му нема достојна замена.
Омилени песни стварно не можам да издвојам, ама можам да кажам дека меѓу омилените не ми се и нивните најпопуларни песни како Californication, By the way, Dani California, Tell me baby, Snow и сличните, освен Otherside.
Otherside e мојата химна и мојата all time favorite песна. На друг форум имам пишувано какви се моите чувства спрема песнава и колку многу ја сакам.
И покрај тоа што не можам да издвојам најомилени, кога ќе отворам iTunes, пет најслушани песни од RHCP по Otherside ми се
Meet me at the corner
Scar Tissue
Annie wants a baby
I could die for you
Tear
А би ја додала и
Fortune Faded. Веројатно овие ми се и омилени, ама стварно не можам да одделувам песни.