Не ми се допаѓаат анорексичните со нула големина. Меѓутоа пазете , кој го следи овој пример? Секоја чест на овие жени што изгледаат убаво и на дизајнерите кои ја промениле свеста за тоа како треба да изгледа жената, но не е така во праксата. Се повеќе гледаме броеви како xs и азијатки кои носат големина како девојче од 4 то одделение така да погледнете во бутиците што се сервира. Јас баш пред некое време читав жалби од девојки кои се со нормална тежина , соочени со продавачи кои што уште пред да влезат во бутикот, велеле извинете само мали броеви имаме тука. Секоја чест за исклучоци, мислам Pimkie е фирмата , гледам дека блогерките ја обожаваат таа фирма која нуди облека за секоја фигура. Овие кампањи се добри за подигање на свеста особено на младите девојки кои се угледуваат на Карли Клос која тежи 40 килограми но практиката покажува дека колку и да се трудат да променат сепак не е така. Сеуште xs големината е најпопуларна кај девојките. Ако не си xs не си ин. Жал ми е ама така е. Не сум оптимист во овој поглед. Не се сменило ништо според мене. И да, сеуште се изгладнуваат до смрт и јадат картони. Имаше еден пародичен пример како девојка од Сомалија и се обраќа на некоја манекенка од Европа и и вели: Па зарем и вие немате храна како нас??Тоа е тоа.