
Серијата Nip/Tuck го следи животот на двајцата пластични хирурзи од Флорида, докторите Шон МекНамара и Кристијан Трој, кои се најдобри другари уште од факултет и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија „МекНамара/Трој“. Со напорна работа клиниката станува една од најпрестижните во Мајами.
Кристијан и Шон се со потполно различен поглед на животот. Шон е фамилијарен човек, но се помалку задоволен од својот живот. Тој на работа бега од својот живот, сопругата Џулија, бунтовниот син–тинејџер Мет и малата ќерка Ана.
Додека пак Кристијан е арогантен женкар кој сака вино, жени, пари и секс. Ќе направи се за да го добие она што го сака (ќе лаже, мами, краде), а поради тоа не чувствува никаква грижа на совест.
Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните актери. Серијава има 100 епизоди, односно 6 сезони. Снимањето на првите 4 сезони се одвива во Мајами, а на последните 2 во Лос Анџелес. Серијава беше многу често критикувана за темите кои преовладуваат како насилство, секс, употреба на дрога и хируршки процедури. Добитник е на Златен Глобус и Еми награда.
Првите 2 сезони беа прикажувани на А1 (но со многу лош преведен наслов „Сечи докторе“) и од тогаш се заразив со неа.
Голем фан сум на овој жарн на серии (медицинска драма, психолошки трилер).
Ја препорачувам на сите што сакаат серии од ваков жарн.
Ја гледа/л некој серијава? Како ви се допаѓа приказната, ликовите?