Nip/Tuck

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
tv_nip_tuck28.jpg


Серијата Nip/Tuck го следи животот на двајцата пластични хирурзи од Флорида, докторите Шон МекНамара и Кристијан Трој, кои се најдобри другари уште од факултет и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија „МекНамара/Трој“. Со напорна работа клиниката станува една од најпрестижните во Мајами.

Кристијан и Шон се со потполно различен поглед на животот. Шон е фамилијарен човек, но се помалку задоволен од својот живот. Тој на работа бега од својот живот, сопругата Џулија, бунтовниот син–тинејџер Мет и малата ќерка Ана.
Додека пак Кристијан е арогантен женкар кој сака вино, жени, пари и секс. Ќе направи се за да го добие она што го сака (ќе лаже, мами, краде), а поради тоа не чувствува никаква грижа на совест.

Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните актери. Серијава има 100 епизоди, односно 6 сезони. Снимањето на првите 4 сезони се одвива во Мајами, а на последните 2 во Лос Анџелес. Серијава беше многу често критикувана за темите кои преовладуваат како насилство, секс, употреба на дрога и хируршки процедури. Добитник е на Златен Глобус и Еми награда.

Првите 2 сезони беа прикажувани на А1 (но со многу лош преведен наслов „Сечи докторе“) и од тогаш се заразив со неа.
Голем фан сум на овој жарн на серии (медицинска драма, психолошки трилер).
Ја препорачувам на сите што сакаат серии од ваков жарн.
Ја гледа/л некој серијава? Како ви се допаѓа приказната, ликовите?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Од кога ја барав серијава и види како случајно ја најдов која е и како се вика.
Ја следев и јас на А1 како сечи докторе, само беше одамна и не можам да се сетам убаво за да зборувам за ликовите подетално.
Интересна е за тепање време, не е некој посебен жанр има од се по нешто, знам имаше многу секс и голотија, сплетки, неверства, бремености, абортуси :D
И чудно што никој не пишал, зар само ние двајца да сме ја гледале...
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Затоа што кој и да ја гледал, поради мојот copy-paste вовед од нет и глупавите прашања за веќе завршена серија, ќе му се одврати помислата за било каква дискусија...