Kaстрирање на миленици - за или против?

Дали сте за или против?

  • За

    Гласови: 4 23.5%
  • Против

    Гласови: 10 58.8%
  • Воздржани

    Гласови: 3 17.6%

  • Вкупно гласале
    17

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Кастриран мачор
fatcat1.jpg

Нормален мачор
normal-cat.jpg
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нема зошто да сфатам лично, тоа е аргумент кој многу пати сум го чула. Но ќе ти кажам дека јас многу повеќе како ветеринар ќе наплатам ако ми донесат мачор или куче кое е со рани, бидејќи факт е дека хормоните си го прават своето, на наредно намирисување на женка во циклус пак истото, или кучка со пиометра отколку за стерилизација или кастрација. Друго, да не одиме во тоа кој што пропагира, јас лично не одбрав факултет кој е релативно тежок и трае 6 години само за да сечам само јајца на мачори и да кастрирам, мојата струка ја гледам на многу поразличен начин. Но, тоа сум јас, и ќе се сложам со тебе дека има многу мои колеги кои не си ја сакаат струката, секојдвневно го гледам тоа.

Не, не се сложувам со тебе дека е исто, зошто? Затоа што ние луѓето свесно размислуваме и чести се коментарите од типот ,, да се олесни,,. Кај животните не постои тој термин. Животното нема да пари ,,оти му е ќеф и му се сака,,. А од такви размислувања на сопствениците улиците ни се преполни со скитници и тоа не е добро, за никого, не само за нас, туку и за нив.

Кога си веќе кај вадењето на све и свашта, тогаш зошто вакцинираме, зошто чистиме од екто и ендопаразити? Заради превентива. Луѓе многу попаменти од мене и од моите професори направиле тестирања и откриле ризични фактори и рекле да, шансата да заболи од пиометра кучка што не е кастрирана е толку и толку пати поголема отколку од шансата кучката да заболи од рак на очите(карикирам и давам пример).

Не се сложувам дека урбаната средина е природната средина на мачката. Пред доместификацијата во време пред новата ера, кога живееле првите луѓе тогаш се извршила таа доместификација. Денес мачката живее во градовите бидејќи човекот ја доместифицирал и таа останала покрај него, но во ниеден случај тоа не е во нејзината природа. Со припитомувањето, на некој начин човекот ја презел улогата на бог, и природната селекција се сведува само на мачките кои секој ден роват по контејнерите, а некогаш биле нечии миленици(ма да во тој случај би требало да имаме малку скитници, а тоа не е случајот). Искрено, за мене тоа не е природно. И криви сме ние луѓето, бидејќи ДА, станот не е место за било кое животно, а мачка е уште потешко бидејќи нема каде да се истрча, да се изигра, да ги ,,вежба,, своите инстикти на лов итн. А се знае дека неуморено животно=катастрофа по дома.

Да се сложиме со тоа дека се разминуваме со мислењата кога се работи за медицинскиот дел. Мене така ме учеле и лажеле, јас тебе така ти кажувам и те лажам. Јас размислувам така. Е сега, бидејќи имаш посвоено(ако добро разбрав) од улица доста мачиња, што да правиме со оние кои ја немаат таа среќа, што да правиме со оние кои секој ден се прегазени од автомобили. Како да го решиме проблемот со неодговорните сосптвеници на кои Џеки повеќе не им прави кеиф? Дали мислиш дека труењето и застрелувањето на ние скитници е решение(да, тоа го имав слушнато дека се случувало и воопшто не се сложувам)?

Зошто ја поддржувам кастрацијата и стерилизацијата? Не затоа што јас пари ќе правам, учам и се трудам да работам на многу други работи отколку она што го работат моите колеги. Сум затоа што тука каде што живееме имаме проблем со преголема популација на скитници, животни кои патат, а тоа не е хумано. Сум за, затоа што некој мисли дека со секое парење на кучката на секој циклус ќе се збогати. А правејќи го тоа свесно ја нарушува самата благосостојба на животното, го мачи во буквална смислаи сетоа тоа доведува до дел од проблемите што ги напишав погоре. Кога нашиот ментален склоп ќе се промени, нема зошто да пропагирам с/к, бидејќи знам примери на животни кои никогаш во животот не спариле, а имаат јајца.

Сечењето јајца кај мачори е нова мода, непостоечка во блиското минато кога ветеринарите не се замарале со такви работи. Не е тоа причина за некој да стане ветеринар или не, тоа е само дополнителен приход овозможен од помодарството и затоа денешните ветеринари го подржуваат тоа.

Целосниот назив на мачката е домашна мачка (domestic cat) која е креација на човекот пред некои десет милениуми а настанала со припитомување на дива мачка позната како афричка дива мачка, се работи за посебна подврста која еволуирала во друштво на човекот. Нејзин природен хабитат не е дивината. Затоа нема мачки по планини и шуми, туку ги има онаму каде што има луѓе, вклучително и урбани средини. Контејнерите се сосема природни извори на храна на мачката како што некогаш биле ѓубрињата пред порти, селски и градски ѓубришта и слично.
Мачките НЕ ПАТАТ по улици туку си живеат како што живееле отсекогаш. Ќе си најде нешто да касне, ќе си прсне да обележи територија, ќе се степа, ќе се спари, ќе бега од куче, ќе бркне глушец, ќе си најде некоја стреа да си прилегне...
Патат во станови, патат поради отсекување на јајца, ради товење и заглупавување. Кастриран мачор како што пишав неколку пати е само мрсна глупава карикатура која се влече како црево по станот. Тоа е грев, едно живо, грациозно и брзо животинче да го претвориш во дебиласто-свињаста креатура која нема сила и воља за ништо. Имам видено 4-5 примери на кастрирани вреќи со сало кои некогаш биле мачори.

НЕ Е превентива сечење на тестиси, се потрудив да објаснам на наједноставен начин. ТОА СЕ сосема функционални и неопходни органи за функционирање на мачорот, од таму го добива тестостеронот. Пак прочитај погоре за логиката и за копањето очи.
Најсериозно, муабетот дека ако не му се исечат јајцата мачорот ќе пати, демек вишок му се, грешка на природата е тоа, па Киро од девети спрат и ќеркицата Теа го однеле на ветеринар да му ги исечат, пошто готов е инаку. (facepalm) Мислам толку е крајно идиотска позиција што срам ми е веќе да објаснувам. Глупо е.

Од толку мачори кои сум ги чувал и кои ги чувале мои познаници и пријатели НИТУ ЕДЕН немал мака со тестиси.

Се работи за сосема здрави мачори на кои им се сечат тестиси поради НАМАЛЕНА КОМОЦИЈА на газдата. Напишав и зошто е тоа така и социопатскиот момент и квази-моралниот момент.
 
SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Види сеа, паметен ветеринар нема да ти вели кастрирај го, ќе ти рече ако нека го. Кога ќе го искасапат го носи сопственикот, чистење, крпење, антибиотиче минимално 5 дена и ете ти 500. Тоа е сеа,а нели тестостеронот ќе си го заврши своето и втор и трет пат и кога ќе видиш јас повеќе ќар ќе имам на овој начин. Значи искрена сум со тебе, и правам реален муабет. Но, во право си, бидејќи како што реков кај нас малку ветеринари си ја сакаат работата, а уште помалку знаат да направат пари.

Инаку не се сложувам дека мора мачката да се угои и да отупе како што велиш. Тоа го препишувам на немарноста на сопственикот. Оти има и дебели мачки кои не се стерилизирани и се отупавени, само затоа што газдата нели ,,чува,, мачка, а под чување подразбира да му стави малку храна, да му стави вода, да му смени песок и ако го погали тоа е тоа. Ти имаш видено такви примери, но јас имам видено и примери каде мачорот е најнормален, активен, игрив и тоа не само мачор туку и мачка кои се факултетски мачки што живееја во ветеринарната клиника во Љубљана каде што ги чува персоналот на клиниката.

Јас никаде не реков дека ќе пати ако има јајца. Јас наведов само можни болести што се поврзани со хормоните, дека одстранувањето на органите превенира ризици и одредени болести, сега не напаѓај ме мене за тоа што јас сум го научила бидејќи реков дека не сум јас таа што го измислила ова. А сеа, дали ќе се јават или не, боже мој виша сила и многу многу други моменти. Мое мислење е дека јас како ветеринар треба да му кажам на сопственикот кои се предностите, а кои се недостатоците и во двата случаја, а негово е да си одлучи. Бидејќи да се вратам на заработката, и во двата случаја јас ќарам, само што едниот ми е многу подолготраен приход. Ти реков, не гледам јас лично на тие зафати како дополнителни приходи на пари, бидејќи воопшто не сакам да бидам обичен ветеринар што ќе чмае цел ден во амбуланта и ќе чека пациенти за стерилизација и кастрација.

Е сеа, пак ќе се вратам на прашањето, што предлагаш да се превземе за преголемата популација на скинтици?
 
За кучиња не знам, лично не ми сметаат скитници песој, преголема фама се прави од тоа а за мачките нема потреба ништо да се прави, нивната популација колкава и да е, никогаш не е закана за човекот. И онака не се движат мачките во глутници а тука е и моментот на унитшување на штеточини (глодари).
Имаше еден хорор со мачки, еден мачор им беше главен, мутант нешто и телепатски ги тераше да напаѓаат луѓе :zelen а имаше и хорор со песој на еден остров се најде изолирана раја а песојте беа поседнати од демони или нешто така...
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Пиометра како инфекција како што знам најчесто на кучињата се јавуваше и често гнојот што се цеди го мешаат со обична инфекција како надворешна.

Нормално, нема да си ја сечеш гранката на која седиш како ветеринар а тоа се помодарските клиенти со нивните миленици влучително и оние кои ти носат мачори на кои ИМ ГИ ОТСЕКУВАШ ЈАЈЦАТА. И многу нормално дека ќе пропагираш `грижа` за миленици бидејќи тоа ти носи приходи.

Еј ми се плаче кога читам вакви работи, уште од ветеринар (како што наведе дека си).

Грешка си, кај ветеринарството еве особено во македонија нема помодарство.Чисто од причина што има луѓе што чувале папагал,па го носи на ветеринар да му исече ноктите, едноставно им изгледа смешна целата работа,ветеринарите кај нас се главно за стока и плус мачиња и кучиња што лечат но верувај дека мал број се тие што глумат помодарство. Знам дека ни по 20 години можи нема да се согласиш дека кастрирањето е превенција и за сопственикот и животното,али има двојна улога.Како што рече членот погоре,природната селекција кај мачките кои живеат во град не постои,затоа се пари ќоро и сакато секое-со-секое и се зголемува бројот.Ако би живееле во природни услови нивниот број ќе беше помал и ќе имаше квалитетни единки.На пример не е нормално мачка да се омачи 4 пати во годината,а една улична мачка што има навика секој трет месец да се омачи кај нас во подрум истото го прави.
 
Alpha

Нов член
20 декември 2015
5
11
3
29
Скопје
Јас сум за. Имам женка мачка која е скоро 3 години, и ја кастрирав минатата година. Она со дебелеењето барем кај мене нема врска. Сеуште си е исто активна како порано, многу, многу поздрава од претходно, и сум немала никаков проблем со нејзе. Главата ми е мирна, а особено бидејќи е ситна за возраста, ризично ќе беше и по нејзино а и по здравје на мачињата што би ги родила ако затрудни.
Од кастрација и стерилизација немате некоја штета. Ако имате мачор на кој му вријат хормоните ќе ви се враќа дома целиот испогребан, јас си знам машкиот што го имам какви проблеми ми има правено, и какви инфекции и рани ми има закачувано. Толку пари се изнадавав и целиот беше цело време осакатен, и се нешто го болеше.
Мислам дека ако веќе сакате да си имате здраво маче што ќе си биде заштитено ова е добра опција. Ќе ве поштеди од многу главоболки.
 
Мачка не може да се кастрира пошто е женка а тоа значи дека нема тестиси. Немањето тестиси е сериозно причина за неможноста на нивно сечење. Тоа може само кај мачор. Кај стерилизација на мачки има помалку сајд ефекти отколку кај сечењето тестиси кај мачори но тоа не е причина истото да се продава како `за нејзино добро`.

Останатиот дел од муабетот е....(facepalm)
Дали сакаш да ми бидеш милениче, еве ќе те стерилизирам, за твое добро, верувај ми поздрава ќе бидеш така...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Big Berta

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Golemo ne . Ako se nema uslovi za cuvanje na domasno milenice ne ni mora da cuvaat . Sum cuvala dva macori ( sekoj vo odreden period od zivotot ) I edna macka . Nikogas ne sum pomislila da gi osakatuvam na ovoj nacin . Kako I da e , isto kako lugjeto , I zivotnite sakaat potomstvo . Kako ke mu bide na onoj so kastrira zivotno , da bide kastriran ? Za zal edniot macor mi se izgubi koga imase 6 meseci , mackata ja dadovme na prijateli od selo koi dobro ja cuvaat , hranat , redovno se vakcinira I ima svoe potomstvo veke 5-ta godina a posledniot macor koj go cuvav ima negovo potomstvo no ne se znae kade tocno bidejki go cuvaa mojte , ne jas licno . Toj isto taka si zamina od doma vo periodot na parenje I vekje ne se vrati . Nikoj ne go visel nitu ziv nitu mrtov . Jas sum ubedena deka e mrtov ima okolu 3-4 meseci od togas a seuste go nema . Dvegodisen macor koj e dosta setan , bi se vratil doma makar po edna nedela . E sega , ako ima zdrastveni problemi povrzani so ovaa tema , I ako mora da se napravi toj cekor za da prezivee bilo koe zivotno ne samo macor I kuce , togas nema sto da se pravi . A ako se pravi toa od drugi pricini , podobro ic ne gi cuvajte .