Фејсбук не работeше 90 минути, милиони луѓе почнаа да паничат
Најпопуларната социјална мрежа во светот Фејсбук утринава 90-тина минути беше надвор од употреба, доволно за да се создаде паника кај стотиците милиони зависници, кои имаа многу прашања, а немаа никакви одговори. Тоа се случи во периодот помеѓу 7.30 и 9 часот по македонско време, кога никој во светот немаше никаков контакт со мрежата во која огромен број луѓе живеат свој виртуален живот.
Зошто не можеше да се пристапи на Фејсбук во моментов никој не знае. Единствено е јасно дека интернетот беше, но и е уште е преполн со прашања во врска со овој колапс.
Официјален одговор од сопственокот на Фејсбук, Марк Зукерберг, засега нема. Нема ниту информација зошто социјалната мрежа која е дел од секојдневието на милијарда луѓе во светот не можеше да биде пристапена утринава.
Една од теориите што може да се прочита на интернет е дека Фејсбук станал жртва на најголемата светска хакерска група „Анонимус“. Други, пак, велат дека ова беше само привремен застој поради одржување на огромната хардверска и софтверска машинерија, која стои зад социјалната мрежа.
Но, најавите беа дека прекинот поради одржување на системот ќе се случи на 15 март, а не денеска.
Во моментов само едно е јасно. Светот беше во паника, Фејсуб го немаше само 90 минути и тоа во раните утрински часови, барем за тие што живеат во Европа. Милиони луѓе се најдоа во куса дилема, дали да го чекаат на враќањето на Фејсбук или, пак, да излезат надвор и да го почувствуваат реалниот свет.
Нивната дилема брзо беше решена со враќањето на социјалната мрежа. Но, останува прашањето. Зарем светот толку е зависен од еден виртуелен свет, кој некој може во дел од секундата да го прекине, да направи истиот да исчезне.
http://www.time.mk/read/2c26eb2660/7ed06fb986/index.html