English leagues & English cups 2021/22 | Црнобело Форум

English leagues & English cups 2021/22

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,396
5,901
1,683
Disco
Да не заборавам да отворам тема за новата сезона од вистинската страна на Ла Манш каде се игра најдобар фудбал во Млечниот Пат. Бранител на титулата е Манчестер Сити, бранител на ФА купот е Лестер Сити а Лига купот веќе традиционално го осваја М.Сити.

Нема промена од лани, сеуште 25 клуба имаат освајано ПЛ а тие се :

20 - Манчестер Јунајтед
19 - Ливерпул
13 - Арсенал
9 - Евертон
7 - Астон Вила, Манчестер Сити
6 - Сандерленд, Челзи
5 - Шефилд Венздеј (1 Alliance)
4 - Њукасл Јунајтед
3 - Лидс Јунајтед, Вулверхемптон Вондерерс, Хадерсфилд Таун, Блекбурн Роверс
2 - Престон Норт Енд, Тотенхем Хотспур, Дерби Каунти, Барнли, Портсмут, Нотингем Форест (1 Alliance)
1 - Ипсвич Таун, , Шефилд Јунајтед, Вест Бромвич Албион, Стоук Сити (Alliance), Лестер Сити.

Малку да средам мисли и ќе се оддадам на шкрабање на тема островски фудбал, како и секоја сезона откако сум на форум, тоа беше 2013/14 сезоната кога се лизна Џерард.
Уште паметам една од најјаките игри на Арсенал евер во сезона 2015/16 која ја гледавме со @existence и @Altaïr на кеј во Скопје, култна утакмица каде Арсенал го здроби, уништи и понижи Манчестер Јунајтед. :sreken
Сам ќе си пишувам сам ќе си одговарам како и претходнава сезона, па што да не :)
Иако во моментов сме тројца фанови на Арсенал на форумов па таа тема ќе биде активна колку толку.

Во ФА купот имаме промена, конечно Лестер после 4 порази во финалиња успеа во 5-от обид да го порази европскиоит шампион Челзи и да стане 45-та екипа која го има освајано ФА куп.

14 - Арсенал
12 - Манчестер Јунајтед
8 - Тотнем Хотспур, Челзи
7 - Астон Вила, Ливерпул,
6 - Блекбурн Роверс, Њукасл Јунајтед, Манчестер Сити
5 - Форест Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Евертон
4 - Шефилд Венздеј (1 Cromwell), Вулверхемптон Вондерерс, Шефилд Јунајтед, Болтон Вондерерс
3 - Вест Хем Јунајтед
2 - Олд Итонианс, Престон Норт Енд, Нотингем Форест, Бјури, Сандерленд, Портсмут
1 - Халам (1 Youdan), Оксфорд Јуниверсити, Ројал Енџиниерс, Клапам Роверс, Блекбурн Олимпик, Олд Картузијанс, Нотс Каунти, Братфорд Сити, Барнли, Барнсли, Хадерсфилд Таун, Кардиф Сити, Дерби Каунти, Чарлтон Атлетик, Блекпул, Лидс Јунајтед, Саутемптон, Ипсвич Таун, Ковентри Сити, Вимблдон, Виган Атлетик, Лестер Сити.

Во Лига купот, Манчестер Сити подобар од Тотнем во финале со што се изедначи на чело на табелата со Ливерпул.

9 - Ливерпул (1 Super League Cup), Манчестер Сити
7 - Челзи (2 FMC), Нотингем Форест (2 FMC),
6 - Астон Вила
5 - Манчестер Јунајтед
4 - Тотнем Хотспур,
3 - Вулверхемптон Вондерерс, Лестер Сити, Арсенал (1 Super League Cup)
2 - Лидс Јунајтед, Норич Сити, Бирмингем Сити, Блекбурн Роверс (1 FMC)
1 - Вест Хем Јунајтед, Престон Норт Енд, Блекпул, Чарлтон Атлетик, Болтон Вондерерс, Вест Бромвич Албион, Квинс Парк Ренџерс, Свиндон Таун, Стоук Сити, Оксфорд Јунајтед, Лутон Таун, Шефилд Венздеј, Рединг (1 FMC), Кристал Палас (1 FMC), Мидлсбро, Свонси Сити.

To be continued :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Увертира на Премиер Лигата, традиционално ќе биде The FA Community Shield, на 7ми август помеѓу Лестер и Манчестер Сити.

Официјално Премиер Лигата стартува на 13ти, отвораат Брентфорд - Арсенал.

Сѐ уште неофицијално, но сезонава се можни промени во распоредот кој би можел да биде малку позбиен за да се постигне со најавениот ран старт на следната сезона. Светското првенство кое е најавено за наредните Ноември - Декември ќе ги измести сите рокови следниве две сезони, па можно е и следните неколку трансфер периоди да почнуваат порано.

Сезонава очекувам да биде последна на Гвардиола и конечно The FA да ги потсредат судиите. Минатата сезона беше катастрофа во тој сегмент и голем дел од фудбалската експертска јавност упатуваше критики кон судискиот панел. Во правилникот ќе има ситни промени, во главно околу примената на ВАР системот и, секако, играњето со рака во 16-ник :zelen.
Исто така очекувам Арсенал конечно (кооооонечно) да припарат кон топ4 најмногу поради олеснетиот распоред (нема европски фудбал :)).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Првиот трофеј отиде кај Лестер кои ги надиграа Сити во Community Shield. Брендан Роџерс се пронајде себе си во Лестер :)

Уште неколку денови и конечно ќе може да ја прогласиме сезоната за започната, да погледаме малку врвен фудбал и многу веројатно со полни стадиони.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Сумирано после 3 кола, Тотнам на врвот со 3:0 гол разлика и 9 поени, Арсенал на дното со 0:9 гол разлика и 0 поени. Ваков очаен старт од Арсенал немам видено. Нешто слично како Палас кога ги водеше ДеБур пред некоја сезона. Почеток е и има уште 35 до крај, ама не влева надеж за Арсенал ваквиот старт.
Освен неколку ситни играчки рокади, во меѓувреме Лукаку се врати во Челси, а Кристијано во Јунајтед. Во најава е интересна сезона, само да се задржи темпото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,396
5,901
1,683
Disco
Сумирано после 3 кола, Тотнам на врвот со 3:0 гол разлика и 9 поени, Арсенал на дното со 0:9 гол разлика и 0 поени. Ваков очаен старт од Арсенал немам видено. Нешто слично како Палас кога ги водеше ДеБур пред некоја сезона. Почеток е и има уште 35 до крај, ама не влева надеж за Арсенал ваквиот старт.
Освен неколку ситни играчки рокади, во меѓувреме Лукаку се врати во Челси, а Кристијано во Јунајтед. Во најава е интересна сезона, само да се задржи темпото.

И Кејн остана во Тотнем :)
Плус имаат солиден менаџер (Ешпириту Санту) кој освен со фудбал се бавел и со добротворство па некаде имаше дека спасил 25 бездомници од Вулверхемптон давајќи им по 10К фунти да се средат, да најамт соба/стан итн.

Ако не се лажам ова бил најлош старт на Арсенал од 1913 :frantic
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Поминаа уште 3 кола, сумирано вака некако изгледа:
Брајтон пропушти колосална шанса да се искачи на врвот на табелата и да ги преплави светските медиуми. Иако навидум незначајно е после само 6 кола да се биде на врвот, ќе им беше од огромно психолошко значење.
Ливерпул го осети поривот за етаблирање на новајлииите Брентфорд и за малку не изгуби на крај.
Јунајтед, после првичниот хајп на Роналдо, ги спуштија на земја поразите од Вест Хем во лига купот и Вила во лигашкото коло. Оле во бунило, почна да треска дека не добивале пенали, па кога добија Бруно реши да испрати порака до вселената дека во Манчестер се игра фудбал.
Во северен Лондон, дијаметралности. Откако после првите три кола Тотнам беше на врвот со 3 победи, а Арсенал на дното со 3 порази, последните три кола завршија обратно па сега Арсенал се над Тотнам откако победија во дербито на Емирати со 2 гола разлика.
Сити го приземји Челси и досадниот фудбал на Тухел и се приклучи на друштвото со 1 бод позади Ливерпул.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,396
5,901
1,683
Disco
Челзи, Ман Сити и?
Њукасл Јунајтед купен од саудиската кралска фамилија која имала најмалку 320 милијарди долари вкупно.
Конзорциумот кој го купи Њукасл имал повеќе средства него сите останати 19 екипи од ПЛ :frantic
Интересни беа сцените на славје пред Сент Џејмс Парк, а пошто брат ми е долгогодишен верен фан на Њукасл запознаен сум со деталите околу ужасното управување со клубот од страна на сега веќе екс власникот (сличности со Арсенал?) па дури имаше и две испаѓања за време на неговото власништво, каков бот.

И сега од крајно ужасен власник за еден ден до најбогат клуб во светот!:frantic
Прашање е за колку недели Стив Брус ќе добие отказ :D а наредна сезона нема да е невозможна навална линија во Њукасл од Кејн-Халанд-Мбапе :D под водство на Зидан.
Иако се споменува и Стиви Џи како можен менаџер, не верувам да го земат пошто очигледно е дека пече занает во Ренџерс за еден ден да биде наследник на Клоп.

Од топ-6 сега имаме топ-7 заедно со екипи кои се мотаат тука како Лестер, Вест Хем или Евертон.
Ова значи дека за Арсенал следуваат уште потешки денови :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Стигна реваншот на Арсенал за минатата сезона кон Астон Вила, неочекувано активно и агресивно почнаа во прво полувреме и ги избркаа духовите од понеделникот кога во последна секунда спасија бод.
Челси се врати во полн ефект против фенерџијата, денес со 7 голови Тухел ги исфрли фрустрациите.
За некој ден почнува лига куп, па ќе ги проследиме и тогашните резултати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
70
318
Мене кај Арсенал не ми се допаѓа тоа што не ги блокираат ударите надвор од 16 метри. Цело време истото го прават и истите грешки се случуваат. Импресиониран сум од Ремсдејл, иако не верував дека ќе биде добро решение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,447
9,155
1,683
Кушкундалево
Лестер се изнамачи со Брајтон, Челси на пенали со Саутемптон, Арсенал релативно лесно помина со Лидс, Вест Хем го елиминира Сити :)
И не може овде да не се спомне епската победа на Ливерпул од 0-5 на среде Олд Трафорд. Оле добива уште една шанса поради Фергусон.
Утакмицата на Саутемптон беше како еден омаж кон Фрејзер Форстер и потсетување за фудбалскиот свет од каков голман беше лишен поради таа бизарна повреда пред 6 години. Штета што не поминаа понатаму се надевам ќе го гледаме сѐ почесто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider