Chromium деривати

ilievvski

Нов член
1 мај 2016
4
2
3
39
Chromium е интернет прелистувач со отворен код од кој потекнува најкористениот прелистувач - Google Chrome.
Јас лично не сум фан на Google Chrome, прво затоа што црпе огромни ресурси, второ затоа што ја прекина поддршката за 32-bit верзии на Linux и трето затоа што овој прелистувач е посредник преку кој Goolge црпе податоци за своите корисници.
И да не ги земеме во предвид овие проблеми, испробувањето нови апликации, вклучително и најкористените - прелистувачи, може да биде интересно искуство. Затоа во продолжение ќе наведам неколку интересни Chromium деривати и ќе оставам да се произнесете дали користите некои од нив или знаете дополнителни.

  • Vivaldi - нов прелистувач со изглед кој потсетува на Opera. За основен пребарувач го користи DDG.Screenshot_2016-05-30_19-21-38.png
  • Opera - еден од најкористените прелистувачи за Андроид смартфони. До верзија 15 користеше свој сопствен код, по што се префрлија на Chromium. Screenshot_2016-05-30_19-26-26.png
  • Iron - Chromium верзија која има за цел да обезбеди заштита на приватноста. Нема URL тракери, нема сугестии, нема тракинг. Screenshot_2016-05-30_19-37-04.png
  • Yandex - овој прелистувач е интегриран со Yandex пребарувачот и преведувач, наменет за корисниците кои говорат руски јазик. Screenshot_2016-05-30_19-41-36.png

Повелете со ваши искуства и предлози.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Baidu Spark исто така хромиум проект.

Инаку околу хром, секој корисник има целосна контрола врз тоа што користи гугл од твоите податоци.
 

Headache

Полноправен Член
14 јуни 2016
50
72
18
36
Благодарам. Ајде да го пробаме..
П.С Vivaldi ми се чини во ред за општа употреба.
 
Последна промена: