Една од причините зошто ја сакам Америка. Плус, со сендвичи даваат и чипс.
Иначе, мене не ми прави разлика цената многу. Не планирам да јадам секој ден, па леле, многу пари ќе потршам. И онака, fast food ретко јадам, така да, океј си е. Мислам, не можеш да очекуваш да ја намалат цената само зошто стандардот е низок во нашава држава. Ако во Америка оброк е 6/7$ = 300/350 денари, треба во Македонија 200 денари, или помалце, да биде?
Факт е дека тој вкус кој што Мекдоналдс и Бургер Кинг го имаат, го нема никој друг. Најмалце па нашиве балкански сендвичари. Затоа, тука мразам плескавици и кебапи.
Праев муабет со моите пред некој ден за КФЦ, дебатиравме дали да го донесат во Македонија или не, и како би било. Некако се сложивме дека ако го донесат - free refills/бесплатното дополнување на пијалоците ќе биде главна атракција, бидејќи сметам дека таков е поголем дел од македонскиот народ, со подржан доказ (последен доказ: тоалетната од Carrefour.)
А може и некој со чашка да проба да си влезе, да си се почасти, што често се случува во McDonald's - па ги бркаат. Но, тоа е друга тема.
* * *
Во секој случај, тоа што рече за трошењето многу пари во Бургер Кинг. За тие што можат да си дозволат да јадат во Бургер Кинг, оброкот од 300-400 денари не е голем проблем. Ако не можеш да си дозволиш да јадеш во Бургер Кинг - нема да јадеш. Нема некоја голема филозофија.
На крај-краишта, јади ти во Бургер Кинг секој ден/повеќе оброка на ден, па се гледаме за месец-два кога нема на ескалатор да те собере.
А за цените што се такви какви што се... Би рекол дека се безвезе, дека народот нема доволно пари за да плаќа за оброк од 300-400 денари,
амааа... пак поминав денес од Бургер Кинг и ја видов гужвата (од која 80% беа тинејџери, чии родители им даваат пари), па некако тоа "немање пари" и тие "превисоки цени за нас" не ми се валидни оправданија.
А за споредби помеѓу (пример) сендвич од Вили и сендвич од Бургер Кинг и дебати за кое е подобро нема потреба. Тоа си е личен избор, и тука се тие неколку групи на луѓе.
Луѓе кои преферираат Вили, луѓе кои преферираат Бургер Кинг, луѓе кои би јаделе и ваму и таму, и луѓе кои не би јаделе ни во едно поради некоја Х причина, итн.