BLACK FRIDAY (Црн петок попусти)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Па, па... едвај чекам сега за месец дена кога ќе спаднат цените на робата од 2017-та за 14,7%, па новчаникот кога ќе почне да пука од сета таа заштеда, уфф.
Озбилно сега, го чекам „празников“ за да си купам нов телефон, ако има нешто попуст. За покуќнина можеби би гледала, ама не ми треба ништо во моментов. Облека не иде предвид. Секако има фини, „небрендирани“ парчиња што не се изгор, а има и аутлети со по 70% попуст за нас што не патиме од тоа дали обичната, црна ролка од Зара (богаташкиот бренд па) ни е од оваа сезона.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

По која цена се движат ролките (ваљда и машките би биле слична цена)? Одамна немам купено а порано ми беше неизоставен дел од есен-зима...
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
По која цена се движат ролките (ваљда и машките би биле слична цена)? Одамна немам купено а порано ми беше неизоставен дел од есен-зима...
Јас лани земав во едно локално продавниче што претежно продава бижутерија и чанти, ама имаше и ролки ете некако. Обична, црна, дебела, топ квалитет се покажа, а беше само 350 денари. Имам и бела потенка за 500 земено, земав и сива (ама ова повеќе ко узврат блуза е, покомотна) за 450. Воопшто не се скапи по локални продавници вака. А, мислам и во Ваикики дека не се нешто скапи, секако до кај 800-900 денари максимум, не знам, не забележав уште да има ролки во нашата продавница.
Не знам дали имате Mega Fashion таму, кај нив има од разни марки и до 70% попуст на колекции од претходни години, што, ко што реков, стварно не се гледа на еднобојна блуза која година е произведена. :zelen Сум наоѓала таму маички и за 100 денари (дури и од по 50 има некогаш), блузички за по 200-300, ехее...