45 секунди ручек со Јован

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас лично не го познавам човеков, ниту пак знам нешто за него што би можела да споделам. Но, неговите клипови наречени 45 секунди ручек со Јован толку многу ми се допаѓаат, што решив да отворам посебна тема. Пред се, бидејќи знам дека ќе следат уште многу клипови во иднина, па можеме тука на едно купче да ги гледаме и да им се восхитуваме. Јован успева на еден доста интересен и оригинален начин со нас да сподели лесни и вкусни рецепти. До сега, има направено 5 клипови:


Што мислите за неговите клипчиња? Ви се допаѓаат ли неговите рецепти и дали можеби ве инспирирале за што ќе биде вашиот нареден ручек? Мене лично, не само што неговите рецепти ми се полн погодок, ми се допаѓа начинот на кој ги пренесува и стилот на снимање. Чекаме уште рецепти!
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
хаха БРАВО!! Човеков пријатно ме изненади и со хумор и со едноставност, а посебност и сепак ти го задржува вниманието. (bravo)

П.С .. Од макалото девојкати ти раскинува - хахахха мејд мај деј
 
Последна промена:
  • Like
Реакции: antonio and MissChievous

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Кратко и јасно...и интересно пред се’...:)
Страшно ме нервираа некои клипови со рецепти кои толку се растегнати дури и маслото за нив не е масло, туку е масло за јадење (небаре некој ќе тури масло за кола...)..
 
  • Like
Реакции: antonio

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Не знам што ви е толку интересен и оригинален овој кога нити нешто посебно направил во ова што сте го постирале нити па нешто може да научиш од него. Ако креативно е да направиш сендвич со пилешки стек, кашкавал, кромид, краставички и лист марула тогаш веројатно внук ми е кувариште првокласно оти знае да направи тост со чајна, кашкавал, павлака и откако ќе го испече му става помфрит.
Следен клип што ќе биде, пржени јајца „урокливо око“ кои се приготвуваат така што се пржат јајца на око во присуство на стрвна женска?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не знам што ви е толку интересен и оригинален овој кога нити нешто посебно направил во ова што сте го постирале нити па нешто може да научиш од него. Ако креативно е да направиш сендвич со пилешки стек, кашкавал, кромид, краставички и лист марула тогаш веројатно внук ми е кувариште првокласно оти знае да направи тост со чајна, кашкавал, павлака и откако ќе го испече му става помфрит.
Следен клип што ќе биде, пржени јајца „урокливо око“ кои се приготвуваат така што се пржат јајца на око во присуство на стрвна женска?
Не е поентата да бидат тешки рецепти, некакви си откритија. А некои вакви едноставни работи луѓе не знаат да ги направат да изгледаат волку добро (океј, прашање на вкус е дали изгледаат добро или не). Се на се, интересно е зошто во кратко време, со малку хумор, си покажува што знае да зготви. Плус, не е баш така лесно да снимиш клип кој естетски ќе изгледа убаво.
 
  • Like
Реакции: BlackTulip

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Не е поентата да бидат тешки рецепти, некакви си откритија. А некои вакви едноставни работи луѓе не знаат да ги направат да изгледаат волку добро (океј, прашање на вкус е дали изгледаат добро или не). Се на се, интересно е зошто во кратко време, со малку хумор, си покажува што знае да зготви. Плус, не е баш така лесно да снимиш клип кој естетски ќе изгледа убаво.
Едноставно е, со хумор, незнам , за мене ми краде насмевка, макар и да е едноставно, макар и да намачка пештета на две лебчиња пак ќе биде special
 
  • Like
Реакции: MissChievous

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Јас стварно не можам да разберам како ви е интересно и special што некој сварил макарони, брокули или издробил кромид.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Јас стварно не можам да разберам како ви е интересно и special што некој сварил макарони, брокули или издробил кромид.
хаха , хумор ваљда, начин на објаснување, барем за мене, со лазањине веќе пробано е :D плус , подобро би сакала крако и слатко - објаснување одколку-цитирам " земете го миксерот, уклучете во го струја миксерот, матете на прва брзина , исклучете го миксерот... |-( oh thanks for telling that