10 совети додека патувате

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Голем број на луѓе со хронични заболувања, треба да внимаваат при патувањето, како не би го нарушиле своето здравје, особено во лето кога температурите се повисоки.
Внимателно прочитајте ги десетте совети и придржувајте се кон нив.

1. Изберете најдобро време за патување- раните утрински часови или пак предвечер.
2. Не одете сами на пат- сопатникот треба да знае за вашата болест во случај на превенција.
3. Пред поаѓање на пат, регулирајте го својот крвен притисок.
4. Не заборавајте дека високите температури предизвикуваат потење, проследено со дехидрација, што може да го намали крвниот притисок и работата на виталните органи.
5. Не се изложувајте на големи телесни напрегања.
6. Избегнувајте ги обилните оброци, придржувајте се до пропишаниот режим на исхрана, со редуцирано внесување на сол.
7. На дијабетичарите им се препорачува да носат резервна количина на инсулин, бидејќи високите температури ја забрзуваат апсорпцијата на инсулинот.
8. Изберете превозно средство со клима уред, во кое температурната разлика во однос на надворешната не смее да биде поголема од 5 степени, затоа што температурните промени лошо се одразуваат врз здравјето на хронично заболените.
9. Ако превозното средство нема клима уред, најдобро во текот на возењето сите прозорци да бидат отворени до 2 сантиметри.
10. Не излегувајте на сонце меѓу 10 и 16 часот, поради можноста од топлотен удар.
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Ова е за тие шо прв пат патуваат јас имам само мали проблеми со стомакот и кога се вратив во Септември од Скандинавија овдека во Ск .Ме плеснаа итекако топлотен бран и тешко дишење од скопскот воздух ,тоа е најопасната работа која ми се десила :giggle
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
Секогаш носете некој Газиран пијалок зошто при долг пат можно е да се појават грцеви во стомакот а газираното мн помага во овој случај
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
37
Скопје
И мастики ако патувате со кола или автобус и ако ви се лоши по пат џвакајте и немате гајле. Или ако знаете дека ви се лоши апнете Драмина и готово ;)