мислам дека е ''потребна'' една тема од '' неморални мажи '' или ''Свети мажи'' 

Првиот пат кога те цитирав ја кажав својата поента,и воопшто не прашувам како замена за одговор,поставив само едно прашање кое беше иронично поставено.
А зборот став сам по себе у принцип е само гледиште и мислење,моето се разликува од твоето,ти во тема за дискусија околу неморалните жени,го тераш разговорот за мажите кои често имаат секс. Кое е твоето мислење околу неморалните жени уствари,зошто не видов ниеднаш да го искажеш?
Јас најучтиво те замолувам да ми посочиш каде ти го произнесе своето мислење околу неморалните жени,мора да сум го пропуштил тој дел(oва не го кажувам иронично).Точно, и ставот може да биде: правилен, погрешен, шовинистички, сексистички, расистички, нацистички, итн, итн, итн.
Ти што не виде, не значи дека го нема. Ама, нападот е најдобра одбрана![]()
Со ова што се чувствуваш виновен, сега во моментов кога ти ги читам сите други мислења со TheKittenДај бе не биди смешен.
Кој недостаток на аргумент кога таа ме прашува лично што мислам дали жените или мажите сее виновни, кога сите одговараат во 3то лице.
Да, ќе се чувствувам виновен.
Тоа веќе е шпански филм којшто се натпреваруваат којпобрзо ќе се боцне.
нека не те интересираат такви прашања.![]()
Бидејќи не си успеал да заклучиш, а и не сум го разводенила мислењето, специјално за тебе - повелиЈас најучтиво те замолувам да ми посочиш каде ти го произнесе своето мислење околу неморалните жени,мора да сум го пропуштил тој дел(oва не го кажувам иронично).
Нашите дефиниции? Кои се тие наши дефиниции?Бидејќи не си успеал да заклучиш, а и не сум го разводенила мислењето, специјално за тебе - повели
За мене неморална жена (и маж) се луѓе кои свесно и намерно наштетуваат на околината.
Сексот никогаш не го гледам од морална гледна точка, затоа што сметам дека телото на една личност е лично нејзино и дека никој не смее да одлучува или суди за истото.
Понатаму, ако зборуваме за жените кои практикуваат секс во животот, можеме да зборуваме единствено за промискуитетни жени.
Промискуитетот не е забава, не е ништо убаво, не е ништо кое некој би го посакал.
Тоа е една исклучително тешка ситуација за личноста - не би да навлагам подлабоко што и зошто.
Реалноста е дека и мажите и жените во глобала имаат исто секс со исто различни партнери, меѓутоа, како што кажаа понапред, мажите тоа јавно го прават, од аспект дека послободно зборуваат.
Жените знаат дека ќе бидат осудувани, затоа и молчат.
По вашите дефиниции, една од 5 девојки во Скопје би требало да е к***а
Што се однесува на проституцијата, сметам дека е и тоа право на избор, се додека таа не работи за некој трет (макро, пример).
Во таков случај таа повеќе претставува роб, него работник.
Моралот е нешто што е индивидуално за секого, и сметам дека секој треба да се води по своите морални сфаќања, но никогаш да суди на некој друг.
Нашите дефиниции? Кои се тие наши дефиниции?
Инаку,баш зошто е така како што викаш ти,моралот е истребен од сите општества.
Супер. Баш пошто секоја критика и негативно мислење се смета за дискриминирање на одредена личност,одреден пол,што било,замина светов по ѓаволите. Заради вакви мислења ми е страв еден ден ќерка да имам. Али ипак,не планирам да ти го менувам мислењетоМоралот во однос на личните и интимни одлуки на една личност, е непотребен.
Посебно кога е дискриминирачки.
Мажот ниту е повеќе, ниту помалку од една жена.
Супер. Баш пошто секоја критика и негативно мислење се смета за дискриминирање на одредена личност,одреден пол,што било,замина светов по ѓаволите. Заради вакви мислења ми е страв еден ден ќерка да имам. Али ипак,не планирам да ти го менувам мислењето
Мојата ќерка,ако ја имам еден ден,ќе има морал во однос на секакви одлуки,заради нејзиниот и мојот образ,колку и да звучи тоа себично,не ми е гајле. А ти упорно дискусијава ја вртиш во обратна насока т.е продолжуваш да го потенцираш спротивниот пол и неговите морални способности.
Да ти разјаснам,јас сум конзервативен,според мене мажот е тој што треба да ПОБАРА(потенцирам побара,зошто ти под побара подразбираш маж што се качува на секое женско),а женското одбива или прифаќа. Е сега сме дојдени до дереџе каде што во голем процент,улогите на двата пола се менуваат. Буквално слушам за случаеви каде што машкото ја УБЕДУВА девојката дека е премногу рано за да имаат секс,а се во врска. И не ми се допаѓа тоа. Не во смисла да вреѓам,ваков пол сте,таков пол сте,вакви сте,такви сте,едноставно мојата претстава за женскиот род е многу поневина од тоа,машките отсекогаш биле пораспрдени суштества,женските биле нежни,фрагилни,кротки. Како што напредуваме,така таа претстава за половите ми се менува пред мои очи. Ако тебе ти е океј твојот пол да биде сексуално еманципиран до тој степен,мене не ми се допаѓа. И тоа нема никаква врска со никаква полова надмоќ,со шовинизам или било што,ако можеш воопшто да ме разбереш.