Кога има некоја тепачка, на главниот лик му се пуштаат еден по еден, никогаш сите заедно.
Тоа дека не можат да ги фатат сите во еден кадар
Он топик:
Пасвордот на твојот непријател можеш да го погодиш во рок од 10 минути. Или можда 5. Зависи колку време имаш преостанато до активирањето на бомбата или спасувањето на некој твој близок. Обично, секогаш е името на неговото грозно куче, пицеријата во која јаде или името на неговата фуфа.
Главниот лик секогаш се наоѓа во животна опасност, ама постојано некако за влакно се спасува, или во последен момент некој доаѓа и ќе го спасе.
Ако партнерот изневери, сите останати (па дури и оние кои го гледаат филмот) навиваат за тоа да му биде простано. Ама не мислел тој сериозно, сите правиме грешки. Заклучок: Личноста била осамена, виновникот треба да се бара во изневерениот поради недоволно посветено внимание.
За време на истрага за убиство, главниот осомничен е сопругот/сопругата.
Ако еден ден пред твојата врата се појави твој брат/сестра/втор братучед и сл. тогаш 100% го брка мафијата, го гонат за убиство или барем има некој проблем со законот.
Доколку се работи за drama type, на крајот доколку непријателот преживее, главниот лик е должен да му прости и покрај тоа што ја силувале жена му, го прегазиле детето и го претепале и самиот него.
Убиецот најчесто има пристап до твојот дом во секое време (
клучот е секогаш под дипличката со ишарани букви велкам) покрај тоа, има пристап и до твоето болничко досие, може да направи да мислиш дека си смртно болен, може да ти хакира компјутер, да ти земе крв и да ја испрска кошулата на жртвата со твоја ДНК... со еден збор, секогаш е попаметен од тебе и го знае твојот следен чекор.
Толку ми текна во моментов. Ама ќе има уште, I guess