1. Ако дејството се врти околу едно семејство, тогаш таткото е убиец, мајката му е љубовница на шефот; едното од децата е посвоено, ако тоа е синот, тогаш тој оди во затвор; ако е ќерката, тогаш оди со повеќе мажи, додека внукот од ќерката цело време прашува што се случува, и сите му велат дека се' е во ред.
2. Секогаш кога се во неволја, таксито доаѓа во истиот момент. А кога личноста ќе се качи во такси, таксито веднаш тргнува и оди само право, а притоа личноста не ја кажала својата дестинација.
3. Кога излегуваат од дома, вратата секогаш ја оставаат ширум отворена.